Од денес стартува вториот натпреварувачки дел на турнирот во Несебар, КУЛ ќе го претставуваат три екипи

Три генерации на КУЛ ги завршија настапите на турнирот во Несебар
06/14/2021
Два порази на стартот во Несебар
06/15/2021

Од денес стартува вториот натпреварувачки дел на турнирот во Несебар, КУЛ ќе го претставуваат три екипи

Од денес стартува вториот натпреварувачки дел на турнирот „Black Sea Kup Nesebar“ на кој ќе се натпреваруваат генерациите родени 2005, 2006, 2008 и 2010 година. Нашиот клуб ќе земе учество со три генерации, додека организаторите ги одредија групите за турнирот во  Несебар.

Во генерацијата 2006 ќе се натпреваруваме со помладата генерација составена од играчи родени 2007 година. Во оваа категорија ќе се натпреваруваат вкупно шест екипи кои ќе бидат сместени во една група. Покрај Кул, тука се уште и екипите на Минералац ( Косово), Хебар ( Бугарија), Розова Долина ( Бугарија), Локомотив Софија ( Бугарија) и Доростол Силистра од Бугарија. Првиот натпревар ќе го одиграме денес со почеток од 15:00 часот по македонско време против екипата на Минералац.

Генерацијата 2008 е сместена во групата А, во која се и екипите на Атлет Киев ( Украина), Ботев Пловдив ( Бугарија) и Септември (2) од Софија. Вкупно 17 екипи ќе земат учество во оваа генерација, од кои најдобрите 8 ќе продолжат во 1/4 финалната рунда. Турнирот го отвараме во текот на денешиот ден, со натпревар против екипата на Атлет Киев, кој ќе стартува од 09:15 часот по наше време. Напомена, во оваа генерација ќе се натпреваруваат квалитетни екипи како Ботев Пловдив, Локомотив Софија, Лудогорец, Зимбру, Реал Ниш, Звезденбург и.т.н.

Организаторот најавува добар турнир и во генерацијата 2010, каде се имаат пријавено вкупно 18 екипи, кои доаѓаат од Македонија, Бугарија, Украина и Србија. Нашите млади надежи ќе се натпреваруваат во групата во која се екипите на Карпати ЛВИВ ( Украина), Черноморец (2) Одеса ( Украина) и Бургас (Спорт) од Бугарија. Први го отвараме турнирот со натпревар во утринскиот термин од 07:30 часот против екипата на Карпати од Украина.

Им посакуваме многу среќа на нашите екипи, сите информации ќе бидат достапни на нашиот веб сајт.