Втор натпреварувачки ден на турнирот во Несебар

Два порази на стартот во Несебар
06/15/2021
Несебар: Две победи за КУЛ, триумфи кај генерациите 2006 и 2008
06/17/2021

Втор натпреварувачки ден на турнирот во Несебар

На вториот натпреварувачки ден на меѓународниот младински турнир во Несебар, Бугарија, денес трите наши екипи одиграа свои натпревари.


Први утринава свој натпревар  одиграа,  ФК КУЛ генерација 2010, тие за противник го имаа тимот на Черноморец Одеса. Одигравме солиден натпревар кој го доби тимот од Украина со резултат 3:1, за нас стрелец на оваа средба беше Огнен Јаков кој стрелаше во противничката мрежа.

Нашиот, ФК КУЛ генерација 2006 се сретна со тимот на ФК Локомотив Софија, на овој натпревар се боревме на теренот и имавме доста прилики за погодок. Првиот период заврши со резултатска симетрија 0-0, игравме добро и во одбраната па противникот не можеше да погоди. Во вториот дел не реализиравме за предност, па пристигна казна, противникот беше поумешен во офанзива, погоди и  победи со 0-3 на овој дуел.


Екипата на ФК Ботев Пловдив беше противник на ФК КУЛ генерација 2008. Првиот период беше 2-1, имамвме минимална негатива на оваа средба. За нашата екипа стрелаше Лупевски кој го најде патот до мрежата на противникот. Натпреварот заврши со конечни 7-1 во корист на противничката екипа.