Несебар: Две победи за КУЛ, триумфи кај генерациите 2006 и 2008

Втор натпреварувачки ден на турнирот во Несебар
06/16/2021
Денес одигравме нови натпревари на турнирот во Несебар
06/18/2021

Несебар: Две победи за КУЛ, триумфи кај генерациите 2006 и 2008

Денес на меѓународниот младински турнир кој се игра во Несебар (Бугарија), три натпревари одиграа екипите на КУЛ. Имаме одличен ден, забележавме две победи и на третиот дуел бевме  поразени, но прикажавме добра игра и имавме погодок. Честитки до играчите и стручниот штаб за успешниот ден на овој турнир.

Наш противник кај генерација 2008 беше тимот на ФК Септември (2) од Софија. ФК КУЛ одигра навистина одличен натпревар на кој остваривме висока победа. Истиот го решивме во првиот период од средбата. Победата дојде со конечни 4-0 за нашиот тим. Најпрво отворивме со два брзи гола преку, Николовски Андреј и Лупевски Калин. Доминацијата продолжи и по постигнувањата на овие два погодока, за високи 3-0 стрешале Ведран Арнаудов. Конечните 4-0 кои донесоа прва победа на турниров ги постави со неговиот втор погодок на денешната средба, Лупевски Калин.

ФК КУЛ генерација 2006 на „мегдан“ ја имаше екипата на ФК Розова Долина. Првиот дел ни припадна во целост на нам, ние имавме и играчка и резултатска предност над противникот по крајот на овој период. Заминавме на пауза помеѓу двата дела со предност од 1-0, стрелец на погодокот беше Нури Абдурамани.Во вториот дел двата тима постигнаа по еден погодок па така ние ја задржавме предноста и дојдовме до триумф. Победата беше остварена со резултат 2-1. Стрелец на победоносниот гол во вториот период беше Стефан Душкоски.

ФК КУЛ генерација 2010 се сретна со тимот на Бургас Спорт. Овој дуел заврши со  пораз (3-1), но пред се радува одличната игра и нашата желба да се враќаме на резултатски план. Првиот дел заврши со  минимална негатива од 2-1,  стрелец на голот беше Огнен Јаков. Во вториот период противникот поведе со 3-1.