Денес одигравме нови натпревари на турнирот во Несебар

Несебар: Две победи за КУЛ, триумфи кај генерациите 2006 и 2008
06/17/2021
Утре на програмата натпревари за конечен пласман на нашите екипи
06/18/2021

Денес одигравме нови натпревари на турнирот во Несебар

Денес продолживме со настапи на турнирот во Несебар, каде одигравме натпревари за пласман.

Генерацијата 2010 одигра два натпревари за пласман од 13-18 место. Најпрво утрово се сретнавме со екипата на Барса од Украина, натпревар кој заврши со почетниот резултат 0:0.

На вториот натпревар, момците на Мики Тодоровски стигнаа до победа против екипата на Атлетик од Украина. Конечниот резултат гласеше 4:2 во наша корист. Огнен Јаков беше играчот кој го отвори резултатот за 1:0, додека предноста на 2:0 ја зголеми Марио Стојчевски. Следеше втор погодок на Огнен Јаков за 3:0, за противникот во следниот период да постигне два гола во нашата мрежа и да намали на 3:2. Сепак, „печат“ на добрата игра за победа со резултат 4:2 со својот прв гол денес стави Давид Ночевски.

Генерацијата 2006 исто така имаше натпревар кој го загуби со резултат 3:0 од екипата на Хебар од Бугарија.

Активна беше и генерацијата 2008 која разигрува за пласман од 9-12 место на турнирот. Денес наш противник беше тимот на Зимбру од Молдавија. Одигравме добар натпревар на кој триумфиравме со резултат 2:1. Лео Мутовиќ и Ведран Арнаудов беа стрелци на головите за нашиот тим.