Утре на програмата натпревари за конечен пласман на нашите екипи

Денес одигравме нови натпревари на турнирот во Несебар
06/18/2021
Последен натпреварувачки ден на турнирот во Бугарија за нашите екипи
06/19/2021

Утре на програмата натпревари за конечен пласман на нашите екипи

Утре на програмата е претпоследниот натпреварувачки ден на турнирот  „Black Sea Kup Nesebar“ на кој не очекуваат три натпревари со нашите екипи.

Генерацијата 2008 ја очекува натпревар за 9.место на турнирот, на кој за противник ќе ја имаме екипата на Локомотив Софија. Овој дуел ќе стартува во терминот од 10:30 часот по македонско време.

Натпревар за пласман од 13-14 место ќе има генерацијата 2010 која ќе се сретне со екипата на Хебар од Бугарија.  Натпреварот е предвиден да стартува од 14:00 часот.

Последен натпревар на турнирот треба да одигра и генерацијата 2006. Остана уште дуел против екипата на Доростол Силистра од Бугарија, кој ќе започне во терминот 15:30 часот. Во оваа генерација се натпреваруваат само шест екипи, а по 4 одиграни кола нашиот состав има забележано една победа и три порази, односно со 3 освоени бодови се наоѓа на петтото место во групата. Со оглед дека утрешниот противник е едно место погоре со 6 освоени бодови, со евентуална победа можеме на крајот да го завршиме турнирот на 4.место.