Последен натпреварувачки ден на турнирот во Бугарија за нашите екипи

Утре на програмата натпревари за конечен пласман на нашите екипи
06/18/2021
Пријателски натпревари против екипите на Куманово Еуроспорт и Тефејуз
06/25/2021

Последен натпреварувачки ден на турнирот во Бугарија за нашите екипи

Денес нашиот клуб ги одигра последните натпревари на силниот меѓународен турнир во Несебар.

Прва која стартуваше беше генерацијата 2008 која одигра натпревар за пласман од 9-10.место. За противник го имавме тимот на Локомотив Софија од кој бевме поразени со резултат 2:1. Иако први го отворивме резултатот на 0:1 со голот на Ведран Арнаудов, за жал противникот во второто полувреме постигна два гола, за резултатски пресврт и конечни 2:1. На тој начин, генерацијата 2008 го освои 10. место на турнирот.

Активна беше и генерацијата 2010 која победи и турнирот го заврши на 13.место. Последен противник ни беше екипата на Хебар од Бугарија, која ја совладавме со резултат 2:0. Овој резултат беше актуелен и по финишот на првиот дел, стрелци на головите беа Огнен Јаков и Никифор Дамјаноски.

Генерацијата 2006 го загуби последниот натпревар во групата. Подобри од нас беше тимот на Доростол Силистра, кој славеше со резултат 4:1. Единствениот гол беше дело на Матеј Стојановски. Од вкупно шест екипи во оваа генерација, на крајот го заземавме 5.место.