Генерацијата 2012 гостуваше кај екипата на Куманово Еуроспорт

Пријателски натпревари против екипите на Куманово Еуроспорт и Тефејуз
06/25/2021
Победа за генерација 2010 на пријателскиот натпревар против Куманово Еуроспорт
06/26/2021

Генерацијата 2012 гостуваше кај екипата на Куманово Еуроспорт

Денес гостувавме во Куманово каде одигравме два пријателски натпревари со екипата на Куманово Еуроспорт. Активни бевме со генерациите 2010 и 2012 кои забележаа победи на дуелите со овој противник.

Прва настапи генерацијата 2012 која се надигруваше со екипата на Куманово Еуроспорт. Топлото време можеби беше проблем за екипите да дојдат до целосен израз, но сепак и двата тима прикажаа добра и борбена игра. Благодарност до тимот на Куманово Еуроспорт за гостопримливоста, се надеваме на многу вакви натпревари и во иднина.

Во продолжение можете да погледнете само мал дел од фотографиите од натпреварот на генерација 2012, додека галеријата ќе ја поставиме во наредниве денови на нашиот веб сајт.