Доминација на помладите пионери во лигата, преглед на прекинатата сезона, резултати, стрелци….

(Фотогалерија) Генерација 2010 гостуваше кај екипата на Куманово Еуроспорт
06/28/2021
Преглед на постигнатите резултати за пионерите
07/03/2021

Доминација на помладите пионери во лигата, преглед на прекинатата сезона, резултати, стрелци….

Нашиот клуб во изминатава сезона се натпреваруваше во втората младинска лига со четири екипи. Познато е дека натпреварувачката сезона 2020/21 не финишираше поради пандемијата со корона вирусот, односно истата беше прекината после 13 одиграни натпревари. Помладите пионери предводени од Саше Божиноски доминираа во својата категорија, па слободно може да се каже дека немаа никаква конкуренција. Остваривме 13 победи на исто толку одиграни натпревари, имавме и најдобра гол разлика со 59 постигнати и само 2 примени погодоци, односно нашата мрежа се тресеше на само два натпревари.

Како што потенциравме, имавме максимален број на освоени бодови, а голем дел од победите беа остварувани со голема разлика. Правиме преглед на резултатите во продолжение за помладите пионери на нашиот клуб:

1 коло: ФК Кул – ФК Скопје  3:0  (службено)

2 коло: ФК Струга Трим Лум – ФК Кул  1:5

3 коло: ФК Кул – ФК Тетекс 1953 Тетово  5:0

4 коло: ФК Кул – ГФК Тиквеш  1930 Кавадарци  13:0

5 коло: ФК Кожуф Гевгелија – ФК Кул  0:5

6 коло: ФК Кул – ФК Куманово 2012  2:0

7 коло: ФК Беласица – ФК Кул  0:6

8 коло: ФК Кул – ФК Борец 1919  4:0

9 коло: ФК Силекс – ФК Кул   0:4

10 коло: ФК Скопје – ФК Кул  1:2

11 коло: ФК Кул – ФК Струга Трим Лум  2:0

12 коло: ФК Тетекс 1953 Тетово – ФК Кул   0:2

13 коло: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Кул  0:6

Како најдобар стрелец во лигата се покажа Александар Богданоски, а кој се друг постигнуваше голови за овој тим на првенствените натпревари можете да погледнете во продолжение:

  1. Александар Богданоски -15
  2. Максим Бундалески, Борјан Наков и Антони Динов -7
  3. Стефан Петрушевски -6
  4. Даниел Васиќ -4
  5. Мартин Ацески и Стефан Симоновски -2
  6. Марко Блажовски, Стефан Душкоски, Адис Зекири, Лука Мицевски, Владимир Стефановиќ, Матеј Стојановски -1

На табелата имавме висока предност пред екипата на Скопје, едноставно бевме неприкосновени на врвот во лигата.

Ниту натпреварувањето во националниот Куп не го дочека својот крај, односно истиот беше прекинат во полуфиналето. Нашиот состав успешно чекореше кон патот до одбрана на Куп трофејот, но и ова натпреварување не финишираше. За противник во полуфиналето го добивме тимот на Вардар, додека во претходно ги елиминиравме екипите на Македонија Ѓ.П и Победа, со по еден натпревар кои се одиграа на Цементарница.

1/8 финале: ФК Кул – Македонија Ѓ.П  7:0

1/4 финале: ФК Кул – ФК Победа  3:0

Од вкупно десет постигнати голови во Купот, дури четворица играчи постигнаа по 2 гола.

  1. Стефан Петрушевски, Александар Богданоски, Стефан Душкоски и Александар Трајчевски -2
  2. Максим Бундалески и Матеј Митревски -1

Воглавно, момците од генерацијата 2005 одиграа допадлив и офанзивен фудбал, покажувајќи дека се меѓу најдобрите екипи во Македонија од оваа возрасна генерација.