Преглед на постигнатите резултати за пионерите

Доминација на помладите пионери во лигата, преглед на прекинатата сезона, резултати, стрелци….
07/01/2021
Со максимален број на освоени бодови, кадетите ја завршија сезоната во лигата
07/05/2021

Преглед на постигнатите резултати за пионерите

Пионерите имаа добра сезона, која не финишираше до крајот. Оваа генерација која беше предводена од Един Нурединоски беше во горниот дел од табелата, односно во моментот на прекин на лигата се наоѓаше на второто место, со само еден бод помалку од екипата на Струга Трим Лум. На 13 одиграни натпревари, нашиот состав оствари девет победи, два нерешени резултати и два порази. Го имавме најдобриот напад во лигата со постигнати 42 голови, како и втората најдобра одбрана со 10 примени голови.

Постигнатите резултати за пионерите можете да ги погледнете во продолжение: 

1 коло: ФК Кул – ФК Скопје  6:0

2 коло: ФК Струга Трим Лум – ФК Кул  3:1

3 коло: ФК Кул – ФК Тетекс 1953 Тетово  5:0

4 коло: ФК Кул – ГФК Тиквеш  1930 Кавадарци  2:1

5 коло: ФК Кожуф Гевгелија – ФК Кул  1:9

6 коло: ФК Кул – ФК Куманово 2012  4:1

7 коло: ФК Беласица – ФК Кул  1:0

8 коло: ФК Кул – ФК Борец 1919  4:0

9 коло: ФК Силекс – ФК Кул   1:1

10 коло: ФК Скопје – ФК Кул  0:0

11 коло: ФК Кул – ФК Струга Трим Лум  2:1

12 коло: ФК Тетекс 1953 Тетово – ФК Кул   1:3

13 коло: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Кул  0:5

Како изгледаше табелата во втората пионерска лига

Како најдобар стрелец во лигата се покажа Бојан Јанкулоски, додека веднаш зад него беа стоперот Митревски и капитенот Стајковиќ. Вака гласи листата на стрелци за оваа генерација на Кул.

  1. Бојан Јанкулоски -8
  2. Јован Митревски и Филип Стајковиќ -7
  3. Александар Богданоски -4
  4. Лука Мицевски и Борјан Наков -3
  5. Љубомир Стојановски и Горјан Манасиевски -2
  6. Стефан Ѓорѓиев, Адис Зекири, Рамадан Кадриовски, Горјан Манасиевски, Марко Мицевски и Антонијо Стојановски -1

Може да се каже дека немавме среќа во Купот, со оглед дека бевме елиминирани после изведување на пенали од екипата на Македонија Ѓ.П. Во регуларниот дел на овој натпревар од 1/8 финалето кој се одигра на Цементарница резултатот гласеше 3:3. Головите беа дело на Љубомир Стојановски, Јован Митревски и Антонијо Стојановски.

Ќе беше интересно и неизвесно до самиот крај околу освојување на првото место во оваа категорија. Три екипи беа со подеднакви шанси на останатите пет натпревари кои сепак не се одиграа.