Со максимален број на освоени бодови, кадетите ја завршија сезоната во лигата

Преглед на постигнатите резултати за пионерите
07/03/2021
Преглед на сезоната за младинците на Кул
07/07/2021

Со максимален број на освоени бодови, кадетите ја завршија сезоната во лигата

Одлична сезона одигра уште една наша генерација, се работи за кадетите кои завршија на првото место со максимален број на освоени бодови. Познато е дека сезоната не финишираше, односно останаа уште пет кола до крајот во кадетската лига. На 13 одиграни натпревари нашите кадети забележаа исто толку победи. Можеме да се пофалиме дека го имавме и најдобриот напад со 40 постигнати голови, а исто така и најдобрата одбрана со само 5 примени погодоци. Со оглед дека имавме 13 бодови повеќе од второпласираниот, доволни говори за доминацијата на момците на Един Нурединоски, во рамките на втората кадетска лига.

Сите остварени резултати за кадетите на 13 одиграни натпревари, колку и што се одиграа во сезоната која не го дочека својот финиш. 

1 коло: ФК Скопје – ФК Кул  1:2

2 коло: ФК Кул – ФК Струга Трим Лум  3:0

3 коло: ФК Тетекс 1953 Тетово – ФК Кул  0:2

4 коло: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Кул  1:2

5 коло: ФК Кул – ФК Кожуф Гевгелија  9:0

6 коло: ФК Куманово 2012 – ФК Кул  0:1

7 коло: ФК Кул – ФК Беласица  4:0

8 коло: ФК Борец 1919 – ФК Кул  0:4

9 коло: ФК Кул – ФК Силекс  4:0

10 коло: ФК Кул – ФК Скопје 4:2

11 коло: ФК Струга Трим Лум – ФК Кул  1:3

12 коло: ФК Кул – ФК Тетекс 1953 Тетово  1:0

13 коло: ФК Кул -ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци 1:0

Табелата во кадетската лига изгледаше вака:

Богданоски кој настапуваше и за помладите пионери, успеа да заврши на првото место на листата на најдобри стрелци и во кадетската екипа. 

  1. Александар Богданоски  -4
  2. Марко Ѓорѓиевски, Иво Насевски, Никола Николов, Стефан Петрушевски и Томи Станковски -3
  3. Стефан Здравески, Максим Бундалески и Адис Зекири -2
  4. Лука Алексоски, Стефан Ѓоргиев, Дамјан Ивановски, Горјан Манасиевски, Јован Митревски, Борјан Наков, Ангел Петрушевски, Бојан Ристески, Петар Станковски, Антонијо Стојановски, Леонид Стојчевски и Бодан Тодоровски -1

Во националниот Куп кој исто така не се доигра до крајот, нашите кадети беа елиминирани во 1/8 финалето од екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 2:0.