Преглед на сезоната за младинците на Кул

Со максимален број на освоени бодови, кадетите ја завршија сезоната во лигата
07/05/2021
Дамјан Ивановски: Среќни сме за пласманот во Супер лигата, Кул ги има најдобрите услови за тренинг во младите категории
07/13/2021

Преглед на сезоната за младинците на Кул

Младинците на Кул имаа солидна сезона, откако беа позиционирани на четвртото место, во моментот кога се случи прекин на натпреварите во младинските лиги. Со оглед дека за оваа генерација настапуваа и играчи од помладите генерации, можеме да бидеме задоволни од прикажаната игра и постигнатите резултати. На 13 одиграни натпревари, младинскиот состав предводен од Един Нурединоски оствари 7 победи, 2 нерешени резултати и 4 порази. Имавме гол разлика од 23 постигнати и 12 примени голови.

Сите остварени резултати за младинците:

1 коло: ФК Скопје – ФК Кул  2:0

2 коло: ФК Кул – ФК Струга Трим Лум  1:1

3 коло: ФК Тетекс 1953 Тетово – ФК Кул  1:2

4 коло: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Кул  0:2

5 коло: ФК Кул – ФК Кожуф Гевгелија  3:0

6 коло: ФК Куманово 2012 – ФК Кул  2:1

7 коло: ФК Кул – ФК Беласица  3:2

8 коло: ФК Борец 1919 – ФК Кул  0:2

9 коло: ФК Кул – ФК Силекс  0:0

10 коло: ФК Кул – ФК Скопје  3:0

11 коло: ФК Струга Трим Лум – ФК Кул  3:2

12 коло: ФК Кул  ФК Тетекс 1953 Тетово  0:1

13 коло: ФК Кул – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  4:0

Со оглед дека бевме само на пет бода негатива од лидерот  во лигата, до крајот ќе не очекуваше интересен финиш, кој сепак не се случи. Како изгледаше табелата во младинската лига.

Напаѓачот Марко Ѓоргиевски беше најдобар стрелец на тимот, а останатите кои се запишаа во листата на стрелци можете да ги погледнете во продолжение.

 

  1. Марко Ѓоргиевски  -4
  2. Стефан Здравески и Филип Јаневски  -3
  3. Филип Стајковиќ и Леонид Стојчевски  -2
  4. Васко Ѓорѓиевски, Христијан Јованов, Рамадан Кадриовски, Дамјан Манајловски, Ѕвездан Мицевски, Никола Николов, Томи Станковски, Горјан Манасиевски и Бодан Тодоровски -1.