Дамјан Ивановски: Среќни сме за пласманот во Супер лигата, Кул ги има најдобрите услови за тренинг во младите категории

Преглед на сезоната за младинците на Кул
07/07/2021
Кои беа играчите со најголема минутажа во сите четири младински екипи
07/16/2021

Дамјан Ивановски: Среќни сме за пласманот во Супер лигата, Кул ги има најдобрите услови за тренинг во младите категории

Следното наше интервју е со Дамјан Ивановски, играчот кој е роден 2003 година и кој изминатава сезона настапуваше паралелно за кадетите и младинците. Се работи за благороден и вреден играч, кој секој тренер би го посакал во својот тим. Може да одговори на бековските и крилните позиции, па неговото присуство на теренот е од големо значење.

Дамјан веќе четврта година е дел од нашиот клуб, тука се разви во квалитетен играч, го препозна нашиот клуб како место каде што може да напредува. Во продолжение, Дамјан ќе ни открие за неговите почетоци со фудбалот, кој е заслужен за неговиот премин во Кул, за впечатоците од успешната сезона со неговиот тим, како и за очекувањата за новата натпреварувачка сезона, во која Кул ќе биде дел од најсилната Супер лига.

1. Дамјан, опиши ги твоите први фудбалски почетоци ?

-Моите фудбалски почетоци беа на 9 годишна возраст во клубот Фк Ново Лисиче.

2. Како се случи да преминеш во нашиот клуб ?

-Се тоа се случи во 2017-та година, добив телефонски повик од сегашниот претседател Рацо Цветановски, кој ми ги објасни плановите и визијата на клубот за во иднина и решив да станам дел од ФК Кул.

3.Наброј три работи кои се потребни за еден играч да биде успешен ?

-Пред се еден играч за да биде успешен треба да биде посветен максимално професионално на фудбалот.Треба да има голема дисциплина во фудбалот а и надвор од него. Исто така играчот треба напорно да работи за да постигне успех.

4.Имавте успешна сезона со вашиот клуб, успевајќи да го освоите првото место во втората лига и на тој начин да се пласирате во најсилната Супер лига од новата сезона. Какви се впечатоците од сезоната која не финишираше, колку сте задоволен од постигнатите резултати на кадетите и младинците со оглед дека настапувавте и за двете екипи ?

-Задоволен сум од постигнатите резултати од сезоната со оглед на тоа што изборивме место во супер лигата, мислам дека ова е една од поуспешните сезони во Кул. Исто така вредно да се напомене, тоа што ја завршивме сезоната непоразени со кадетите.

5.Имате можност да работите со човек, кој бил поранешен репрезентативец на Македонија како и играч со богато меѓународно искуство. Каков тренер е Един Нурединоски и колку тој е заслужен за добрата сезона на клубот ?

-Един е одличен тренер и пред се голем професионалец во работата која што ја работи ,задоволен сум од соработката што како тим ја имаме со него. Секако дека заслугата за успехот и влезот во Супер лигата оди и на сметка на тренерот, но сметам дека во иднина ќе имаме и поголеми успеси.

6.Дамјан, дали фудбалот бил секогаш ваш омилен спорт, или сте покажувале желба можеби и за друг спорт ?

-Отсекогаш фудбалот ми бил омилен спорт и ми бил на прво место и тоа е единствено нешто што ме интересира.

7.Што ви нуди Кул како клуб, дали ги имате сите услови за тренинг и работа ?

-Кул ни ги нуди сите услови за тренинг, работа и се останато. Со сите терени, реквизити и теретана мислам дека ги имаме едни од најдобрите услови за тренинг во младински категории во Македонија.

8.Кој е вашиот омилен или најсреќен момент во ФК Кул ?

-Најсреќен момент, тоа е дефинитивно пласманот во Супер лигата. Сите долго го очекувавме тој пласман во најквалитетната лига во Македонија и сите сме среќни поради тоа.

9.Кој е најсилниот турнир на кој си играл со Кул ?

-Најсилен турнир на кој сум играл со Кул е „Дана Купот“ во Данска.Две години по ред учествувавме на турнирот и е одлично место за надигрување.

10.Во новата сезона ќе се натпреварувате во најсилната Супер лига. Ова за вас ќе биде едно поголемо искуство и предизвик. Какви се твоите очекувања за настап во најдобрата младинска лига во Македонија ?

-Сите сме свесни дека тоа ќе биде нов предизвик за нас, но јас верувам во екипата дека ќе постигнеме добри резултати и се надевам дека ќе завршиме на солидно место на табелата.

11.Која е вашата најголема поддршка на фудбалските натпревари ?

-Мојата најголема подршка е семејството, како во фудбалот така и надвор од него.

12.Омилен македонски и европски фудбалер ?

-Омилен Македонски фудбалер ми е Елиф Елмас, додека европски тоа е Трент Александер Арнолд.

13.За крај на интервјуто, какви цели и планови за фудбалската иднина има Дамјан ?

-Моментално се фокусирам на следните предизвици, а тоа се настапите во Супер лигата. Во иднина работам на тоа да имам богата и успешна фудбалска кариера.