КУЛ во новата сезона ќе биде дел од најсилната младинска Супер лига

(Фотогалерија) Един Нурединоски означи старт на подготовките со кадетите и младинците
07/27/2021
Златко Петровски е новиот кондиционен тренер на КУЛ
07/28/2021

КУЛ во новата сезона ќе биде дел од најсилната младинска Супер лига

Со големо задоволство можеме да соопштиме дека нашиот клуб во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од најсилната Супер лига за млади категории.

Иако минатата сезона беше прекината на пет кола до крајот, сепак по одлука на управниот одбор на фудбалската федерација на Македонија е решено првопласираните две екипи во моментот на прекинот, да се пласираат во Супер лигата. Како убедливо првопласирани со дури 60 бодови повеќе од второпласираната екипа на Скопје и повеќе од заслужено ќе се натпреваруваме во Супер лигата.

Напомена, Кул со натпреварување во младинските лиги започна од најниската трета лига, но за само две години успеавме да се избориме за влез во Супер лигата. Тоа доволно говори за нашата работа, условите кои ги пружа нашиот клуб, се сигурно голема реткост во Македонија. Чекоревме скала по скала и силно верувавме дека со посветена и макотрпна работа еден ден ќе бидеме дел од најквалитетните младински екипи.

Секој кој е дел од клубот има своја заслуга и придонес во успесите, тука се и играчите кои исто така максимално посветено работеа за време на тренинзите и натпреварите во изминативе години, сега ќе ја имаат честа да бидат во групата со најсилните младински екипи од Македонија и да се надигруваат. Веруваме дека Супер лигата ќе биде само дополнителен мотив и поттик сите заедно да продолжиме да чекориме кон патот, на нови успеси и уште поголеми достигнувања.

Кул е големо семејство, кое го краси голема професионалност, чесност и искреност, па не случајни се и резултатите кои ги постигнува. Ни останува и понатаму да работиме и да ја оправдаме довербата на еден организиран клуб кој има и нови цели кои сака да ги достигне во иднина.