Златко Петровски е новиот кондиционен тренер на КУЛ

КУЛ во новата сезона ќе биде дел од најсилната младинска Супер лига
07/27/2021
Горан Тодоровски-Сивчо е новото име во тренерскиот тим на КУЛ
08/05/2021

Златко Петровски е новиот кондиционен тренер на КУЛ

По заминувањето на Никола Родиќ во Рига (Летонија), нашиот клуб пронајде нов кондиционен тренер.

Задолжен за физичката подготовка на натпреварувачките екипи во новата сезона ќе биде Златко Петровски. Се работи за млада и амбициозна личност која сака да напредува во својата работа. Искуството на Петровски е од претходната соработка со Родиќ во „Champion House“ -центар за спортски развој.

Кул му посакува добредојде на Златко, се надеваме на долга соработка и заеднички успеси.