Горан Тодоровски-Сивчо е новото име во тренерскиот тим на КУЛ

Златко Петровски е новиот кондиционен тренер на КУЛ
07/28/2021
КУЛ има женски фудбалски бисер, Меланија Грозданова ги освои симпатиите на Црвена Ѕвезда
08/10/2021

Горан Тодоровски-Сивчо е новото име во тренерскиот тим на КУЛ

Ви претставуваме ново име во нашиот тренерски тим. Во иднина, Горан Тодоровски-Сивчо ќе биде предводник на генерациите 2007 и 2008.

Познато име за македонската фудбалска јавност. Се работи за тренер со големо искуство, кој сигурни сме дека истото ќе го пренесе на младите надежи во Кул.

Тодоровски е „дете“ на Победа, клуб во кој како играч ги има поминато сите младински категории. Од сениорските екипи, покрај Победа од Прилеп има настапувано и за тимот на 11 Октомври (Прилеп), потоа Напредок (Кичево), Осогово (Кочани), Тетекс (Тетово), Работнички (Скопје), Тиквеш (Кавадарци), Влазрими (Кичево), додека кариерата ја завршува во екипата на Преспа од Ресен.

Тренерската кариера ја започнал како помошник во стручниот штаб на Победа, а подоцна и како прв тренер на овој познат македонски клуб. Исто така има работено како тренер и во младите категории на прилепската екипа.

За нас како клуб задоволство е што ќе соработуваме со ваков стратег, му посакуваме топло добредојде, многу успеси и долга соработка.