КУЛ има женски фудбалски бисер, Меланија Грозданова ги освои симпатиите на Црвена Ѕвезда

Горан Тодоровски-Сивчо е новото име во тренерскиот тим на КУЛ
08/05/2021
Четири генерации на КУЛ заминуваат на подготовки во Струга
08/11/2021

КУЛ има женски фудбалски бисер, Меланија Грозданова ги освои симпатиите на Црвена Ѕвезда

Една од најталентираните девојки во нашиот фудбалски клуб, Меланија Грозданова, во иднина ќе биде под „капата“ на Црвена Ѕвезда.

Меланија имаше можност да биде дел од летниот камп „Деки 5“ во Златибор, на познатиот Дејан Станковиќ, моментално тренер на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда, како и поранешен репрезентативец на Србија и играч на познати Европски клубови. На кампот Меланија беше препознаена од стручните лица на клубот, посебно од претседателката на ЖФК Црвена Ѕвезда, Сандра Сремчевиќ и тренерот на првиот тим, Дарко Стојановиќ, како талентирана девојка која во иднина може својот потенцијал да го надоградува и да се развива во квалитетен играч.

Во иднина, Меланија ќе биде будно следена од српскиот клуб, ќе биде повикувана да настапува на турнири како и на кампови кои ги организира Црвена Ѕвезда. Овој клуб беше дел од нашиот турнир „Кул Куп“ во 2019 година, па се надеваме дека само ќе продолжи и ќе се зајакнува соработката со Црвена Ѕвезда.

Меланија важи за голем потенцијал на македонскиот женски фудбал, се работи и за репрезентативка на Македонија, а повеќе од четири години е дел од Кул. Ние сме горди што е наш член, клуб во кој ги направи првите фудбалски чекори, силно веруваме дека во иднина само ќе се надоградува и еден ден нејзиното име силно ќе одекне во светскиот женски фудбал.

Кој го има пропуштено нашето интервју со Меланија Грозданова, може да го прочита на следниов ЛИНК.