КУЛ го победи тимот на Викториа од Крагуевац

Првиот тим на Караорман подобар од нашите младинци
08/13/2021
Генерациите 2005 и 2006 одиграа контролни натпревари со екипата на Пелистер
08/15/2021

КУЛ го победи тимот на Викториа од Крагуевац

Денес одигравме нов контролен натпревар на подготовките во Струга. Нашиот тим составен од играчи кои се родени 2003/04 година за противник ја имаа екипата на Викториа од Крагуевац (Србија). Во еден интересен и неизвесен натпревар, на крајот успеавме да победиме минимално со резултат 1:0.

Тренерот Нурединоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Маријан Здравевски, Марко Мицевски, Стефан Ѓоргиев, Јован Митревски, Стефан Здравески, Филип Јаневски, Филип Стајковиќ, Леонид Стојчевски, Томи Станковски и Марко Ѓорѓиевски.

Еден гол го реши победникот на овој пријателски натпревар, истиот заврши во противничката мрежа, во последните минути од дуелот. После асистенција на Николов, стрелец на голот беше Бодан Тодоровски кој ни донесе триумф. Покажавме повеќе од противникот, а и многу порано можевме да го отвориме резултатот. Ангел Петрушевски и Јован Митревски беа играчите кои ја погодија пречката од голот на Викториа. Во прилика се најде и Стефан Здравески кој биеше слабо директно во голманот, после повратна топка од Насевски.

Силен и квалитетен тест натпревар за нашите млади надежи, сите играчи имаа свој придонес во победата.

Во игра влегоа и Никола Николов, Васко Ѓоргиевски, Никола Крстевски, Јордан Петровски, Иво Насевски, Бодан Тодоровски и Мартин Цветковски. 

Нашите екипи продолжуваат со подготовки во пресрет на новата натпреварувачка сезона, во која ќе бидеме дел од најсилната младинска Супер лига.