Генерациите 2005 и 2006 одиграа контролни натпревари со екипата на Пелистер

КУЛ го победи тимот на Викториа од Крагуевац
08/14/2021
Успешна контрола против Воска Спорт, нашите кадети стигнаа до победа
08/16/2021

Генерациите 2005 и 2006 одиграа контролни натпревари со екипата на Пелистер

Нашите екипи продолжуваат со подготовките во Струга, а утрово одигравме нови контролни натпревари. По едно полувреме со екипата на Пелистер одиграа генерациите 2005 и 2006.

Генерацијата 2006 загуби минимално со резултат 0:1. Најзрелата шанса за нас ја имаше Фисник Љамалари кој ја погоди пречката од голот на Пелистер, откако топка од левата страна нафрли Абдурамани. Еден гол го реши победникот, истиот заврши во нашата мрежа.

Тренерот Карчев започна со овој стартен состав: Христијан Рајевски, Александар Спасевски, Матеј Стојановски, Михаил Крстевски, Петар Лазовски, Петар Трпевски, Олег Михајловски, Фисник Љамалари, Нури Абдурамани, Олег Трифуновски и Никола Јовановски.

Генерацијата 2005 беше поразена од екипата на Пелистер со резултат 1:2. Стрелец на единствениот гол за нашиот тим го постигна Белмин Цаниќ. Екипата од Битола постигна еден гол од пенал и еден од игра. Имавме ние свои шанси преку Цветановски и Блажевски кои останаа нереализирани.

Стартниот состав: Јордан Јосифов, Петар Станковски, Владимир Стефановиќ, Стефан Филиповски, Даниел Васиќ, Бојан Нацев, Матеј Цветановски, Виктор Стефановиќ, Борјан Наков, Адис Зекири и Белмин Цамиќ.

Во игра влегоа и Андреј Алаџајков, Горјан Георгиевски и Александар Блажевски.