Успешна контрола против Воска Спорт, нашите кадети стигнаа до победа

Генерациите 2005 и 2006 одиграа контролни натпревари со екипата на Пелистер
08/15/2021
Кул и Јанг Тим одиграа со нерешен резултат кај помладите пионери
08/17/2021

Успешна контрола против Воска Спорт, нашите кадети стигнаа до победа

Нашите кадети предводени од Един Нурединоски стигнаа до нова победа на контролните натпревари во Струга. Утрово одигравме уште еден пријателски натпревар, противник ни беше екипата на Воска Спорт од Охрид.

Заслужен триумф за нашите момци, со оглед дека имаа поголем посед на топка, постигнаа два гола, но и создадоа уште неколку шанси за зголемување на резултатот. Првите удари кон противничкиот гол ги имаше Филип Стајковиќ, но немаше отварање на резултатот. Сепак, истиов играч во следната наша акција успеа да погоди за водство од 1:0. После голема грешка на еден од противничките играчи, Стајковиќ пресече топка и во брза контра со левата нога шутираше прецизно за предност на Кул. Имавме уште една голема прилика за удвојување на водството. Од десната страна тргна акција преку Стефан Ѓоргиев кој во противничкиот шеснаесетник го пронајде Стајковиќ, овој биеше во пречката, одбиената топка стигна до Љубомир Стојановски кој со глава не успеа да реализира. До крајот на првиот дел зголемивме на 2:0. Стрелец на голот беше Горјан Манасиевски, после одличен центар шут од Јордан Петровски, нашиот тим дојде до солидна предност.

Имавме свои шанси и во второто полувреме, но резултатот остана оној од истекот на првиот дел. Задоволува играта, како и борбеноста на нашите момци, кои даваат максимум и ги оправдуваат минутите од тренерот Нурединоски.

Стартен состав: Мартин Цветковски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Никола Крстевски, Јован Митревски, Максим Илиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стајковиќ, Јордан Петровски, Љубомир Стојановски и Бојан Јанкулоски.

Играа уште: Кристијан Цветановски, Шевал Мифтари, Алан Кеховиќ и Виктор Зафироски.