Кул и Јанг Тим одиграа со нерешен резултат кај помладите пионери

Успешна контрола против Воска Спорт, нашите кадети стигнаа до победа
08/16/2021
Победи за генерациите 2003 и 2005 на подготовките во Струга
08/17/2021

Кул и Јанг Тим одиграа со нерешен резултат кај помладите пионери

Помладите пионери утрово одиграа контролен натпревар со екипата на Јанг Тим од Струга. Конечниот резултат после две одиграни полувремиња гласеше 1:1.

Тренерот Карчев започна со овие 11-сетмина: Христијан Рајевски, Александар Спасевски, Матеј Стојановски, Андреј Алаџајков, Петар Лазовски, Петар Трпевски, Михаил Крстевски, Олег Трифуновски, Нури Абдурамани, Фисник Љамалари и Никола Јовановски. 

По првото полувреме немаше погодок на овој натпревар, двата гола паднаа во вториот дел од овој пријателски дуел со екипата од Струга. Ние први успеавме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0 со голот на нововлезениот Давид Медароски, кој погоди после центар шут од Трифуновски, додека екипата на Јанг Тим го израмни резултатот на 1:1 со погодок од слободен удар. Нашиот тим имаше уште една голема шанса преку Петар Трпевски кој се најде во ситуација да погоди од добра прилика, но поуспешен беше  чуварот на мрежата на Јанг Тим.

Нашиот клуб одработува подготовки во Струга, а во текот на утрешниот ден се враќаме во Скопје.