Младинците на Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат

Кул подобар од Академија „Нацев“ на пријателски натпревар одигран на градскиот стадион во Велес
08/26/2021
ФК КУЛ одигра две „контролки“ со Македонија ЃП
08/28/2021

Младинците на Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат

Утрово на „Цементарница“ активни беа нашите младинци кои одиграа интересен и неизвесен пријателски натпревар со екипата на Шкупи. Иако на два пати бевме во предност, сепак на крајот натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2.

Сите четири голови на овој натпревар паднаа во вториот дел од натпреварот. Имавме шанси и во првиот дел, кои останаа неискористени. Николов биеше со глава непрецизно, после центар шут на Јаневски, како и Ѓорѓиевски кој не успева да погоди со глава после нафрлена топка од Здравески. За одбележување е и ударот од околу 20.метри на Здравески, после една соло акција на нашиот тим, но голманот успешно интервенираше. Одбрана имаше и нашиот голман Ројчинов, од слободен удар се обиде Шкупи, но Ројчинов беше на вистинското место.

Второто полувреме го отворивме на најдобар можен начин и тоа со брз погодок. После една лоша реакција на противничкиот дефанзивец, најдобро се снајде Марко Ѓорѓиевски  кој излезе сам со голманот на гостите, биеше мирно за водство од 1:0. Нашата предност не траеше долго време, со оглед дека Шкупи веќе во следната акција успева да го израмни резултатот на 1:1. Примивме погодок после нафрлена топка од слободен удар, истата стигна до играчот на Шкупи, кој од неколку метри го совлада нашиот чувар на мрежата. Гледавме динамичен и брз натпревар на двете страни, избраниците на Един Нурединоски повторно беа во налет кон противничкиот гол. Пред да ја вратиме предноста, голема шанса имаше Здравески кој по повратна топка од Стојчевски, ја погоди стативата, како и Насевски кој не успева со глава да ја смести топката во голот после центар шут од Станковски.

Проследивме возбудлив финиш од натпреварот, во кој и двете екипи постигнаа по еден гол. Нашиот состав го врати водството од 2:1, со погодокот на нововлезениот Леонид Стојчевски,на голот претходеше акција од десната страна на Томи Станковски кој проби и одигра пас до Стојчевски, кој од прва биеше прецизно во мрежата на Шкупи. Сепак не успеавме да ја задржиме позитивата, веднаш противникот од центарот тргна во атак кон нашиот гол, повторно примивме гол со глава после добра акција на противникот, за конечни 2:2 на овој квалитетен тест натпревар за двата тима.

Одличен натпревар за момците на Един Нурединоски, кои продолжуваат со силни и квалитетни контроли во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Стартен состав: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Лука Алексоски, Филип Кузмановски, Стефан Здравески, Филип Јаневски, Ангел Петрушевски, Марко Ѓорѓиевски и Никола Николов.

На овој натпревар во игра влегоа и Томи Станковски, Леонид Стојчевски, Иво Насевски, Стефан Ѓоргиев, Марко Мицевски, Бодан Тодоровски, Васко Ѓорѓиевски и Лука Миленковиќ.