ФК КУЛ одигра две „контролки“ со Македонија ЃП

Младинците на Кул и Шкупи одиграа со нерешен резултат
08/26/2021
КУЛ ја пречека Македонија ЃП генерација 2006 на „Цементарница“
08/29/2021

ФК КУЛ одигра две „контролки“ со Македонија ЃП

 

Денес две контролки одиграа момците од ФК КУЛ генерација 2004 и 2005 , со двете екипи гостувавме кај тимот на Македонија Ѓорче Петров. Дојдовме до едно реми и еден пораз на овие два тест-натпревари.

Кај средбата за момци родени 2004 година, натпреварот започна мирно, ние имавме иницијатива и отворивме со гол во средината на првото полувреме. За нас погоди Бојан Јанкулоски со чии гол поведовме со 0-1, тој доби асистенција од Филип Стајковиќ. Потоа домашнио тим успеа да дојде до реми со погодок за 1-1.  Со овој резултат заминавме на одмор.

Во вториот дел имавме прилики и ние и ривалот, за жал тие две претворија во гол за водство од 3-1. Резултат со кој се оконча дуелот. Ние најпрвин се заканивме со шанси преку Бојан Јанкулоски и Филип Стајковиќ чии удари не ги претворивме во погодок. Во вториот дел на нашиот гол се истакна и Мартин Цветковски со неколку одлични одбрани. За напомена е и прилика на Љубомир Стојановски кој искочи сам на сам со ривалот, но не успеа да го совлада голманот на домаќинот.

Генерација 2005 на Кул одигра реми со домаќинот, оваа средба заврши со резултат 2-2.  Ние успеавме да поведеме со 0-1 во првиот дел преку Стефан Петрушевски. Домашниот тим успеа да ја врати резултатската симетрија и стрелаше за резултат 1-1. На одмор се замина токму со овој резултат односно со нерешен исход.

Во вториот дел исто како и во првиот период се играше динамично и двата тима имаа свои прилики. Поради прекршок во казнениот простор ние добивме пенал, топката ја зема стрелецот на голот за нас од првиот период, Стефан Петрушевски. Нашиот играч успеа со неговиот втор гол да донесе предност од 2-1 за Кул на оваа средба. Македонија Ѓорче Петров успеа да ја затресе уште еднаш нашата мрежа за конечни 2-2 на оваа средба. Честитки за двата тима за одличната фудбалска престава која ни ја приредија.