КУЛ ја пречека Македонија ЃП генерација 2006 на „Цементарница“

ФК КУЛ одигра две „контролки“ со Македонија ЃП
08/28/2021
Познат распоредот на КУЛ за деби сезоната во Супер лигата, прв противник Работнички, во 2.коло на „мегдан“ со Вардар
08/30/2021

КУЛ ја пречека Македонија ЃП генерација 2006 на „Цементарница“

Вчера на теренот „Циментарница“, ФК КУЛ беше домаќин на тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров генерација 2006. Се одигра добар, возбудлив и темпераментен тест-натпревар помеѓу избраниците на Никола Карчев и гостинскиот тим.


Најпрвин започна дуелот со надигрување на средината на двата тима, мала иницијатива имаше гостинот. Ние минавме во противничкото поле, креиравме неколку одлични акции, по една таква Фисник Љамалари, стрелаше умешно во мрежата на гостинот за предност од 1-0. На нашиот гол одличен беше Алекандра Василев, тој одбрани неколку незгодни удари во првиот дел. Борис Павлов ја имаше топката одлично го пронајде Михаил Крстевски кој со удар од дистанца ја зголеми предноста на 2-0.


До крајот на првиот период видовме по две прилики на обете страни. Најпрвин Македонија Ѓорче Петров ја искористи својата и ја преполови нашата предност, тие намалија на 2-1, резултат кој се покажа како конечен за првиот дел од оваа контролна средба. Петар Трпевски за нас имаше прилика со удар од дистанца да постигне гол во овој дел.


Во вториот дел падна делумно ритамот, двете екипи беа помалку опасни кон противничкиот гол. Тренерот, Карчев даде шанси на целиот ростер кој му беше на располагање и го замени тимот кој беше на почетокот во целост. На средината на вториот дел Македонија Ѓорче Петров успеа да погоди за реми 2-2. Противникот успеа да поведе и со 2-3, ние имавме шанса за изедначување, но истата не ја претворивме во гол. Така се оконча оваа пријателска средба.