Познат распоредот на КУЛ за деби сезоната во Супер лигата, прв противник Работнички, во 2.коло на „мегдан“ со Вардар

КУЛ ја пречека Македонија ЃП генерација 2006 на „Цементарница“
08/29/2021
(ФОТО) КУЛ-Македонија ЃП генерација 2006
08/30/2021

Познат распоредот на КУЛ за деби сезоната во Супер лигата, прв противник Работнички, во 2.коло на „мегдан“ со Вардар

Младите екипи на ФК КУЛ, оваа сезона за прв пат ќе бидат дел од елитата, односно од Супер лигата. Нашиот тим со одличните игри лани обезбеди место за настап на: младинците, кадетите, пионерите и помладите пионери против најсилните тимови во Македонија.

Се работеше вредно, од година во година напредувавме и дојдовме таму каде што заслужуваме во „кремот“ на тимови во земјава. Познат е распоредот, па така во првото коло ќе се сретнеме со Работнички истото начелно е закажано за 11/12.септември, во 2.рунда на „мегадан“ го имаме тимот на ФК Вардар, а во 3.коло кое треба да се одигра на 25/26.септември наш ривал е тимот на Њу Старс. Лигата има 14 екипи, ова е распоредот за 26-те кола.

 

*На листата е распоредот за младинско/кадетската лига, пионерските екипи играат со истите ривали во истите кола, но со заменето домаќинство од оваа листа.