На пријателски натпревар нашите кадети го победија тимот на Аеродром

(ФОТО) КУЛ-Македонија ЃП генерација 2006
08/30/2021
Генерациите 2012 и 2013 на турнир во Куманово
09/03/2021

На пријателски натпревар нашите кадети го победија тимот на Аеродром

На контролен натпревар одигран на Цементарница, нашите кадети беа подобри од екипата на Аеродром. Конечниот резултат гласеше 2:1

Тренерот Нурединоски започна со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Никола Крстевски, Јордан Петровски, Јован Митревски Максим Илиевски, Горјан Манасиевски, Филип Стајковиќ, , Антонијо Стојановски и Бојан Јанкулоски.

Натпреварот започна со висок пресинг на нашиот тим кој не им дозволи на Аеродром многу да игра, ние ја имавме топката во посед. Имавме неколку шанси од корнер и од контри, но не успеавме да претвориме во гол. Првиот гол го постигнавме од слободем удар, откако одличен центар шут упати Стајковиќ кој го пронајде Јован Митревски, кој со глава ја смести топката во мрежата за предност од 1:0. До крајот на полувремето имавме уште шанси кои не успеавме да ги реализираме, а најдобрата беше на Манасиевски.

Во второто полувреме видовме борбена игра на двата тима, но сепак Кул имаше повеќе шанси. Аеродром постигна гол по нафрлена топка во шеснаесетникот, која се одби на 16 метри, шутнаа и постигнаа гол за израмнување на 1:1. Момците на Нурединоски повторно ја имаа топката во посед и напаѓаа. Вториот гол за нашиот состав го постигна Љубомир Стојановски кој доби одлична топка од Јанкулоски во простор за ново водство од 2:1, резултат со кој и заврши натпреварот.

Во игра влегоа уште и Кристијан Цветановски, Алан Кеховиќ, Виктор Зафироски, Рамадан Кадриовски, Љубомир Стојановски.