Генерациите 2012 и 2013 на турнир во Куманово

На пријателски натпревар нашите кадети го победија тимот на Аеродром
09/02/2021
(ФОТО) Генерацијата 2012 настапи на турнир во организација на ФК Куманово Еуроспорт
09/05/2021

Генерациите 2012 и 2013 на турнир во Куманово

Претстојниов викенд, генерациите 2012 и 2013 ќе учествуваат на турнир во организација на ФК Еуроспорт Куманово.

Генерацијата 2013 своите натпревари на турнирот ќе ги одигра во текот на утрешниот ден. Учество ќе земат вкупно осум екипи поделени во две групи. Нашите надежи се сместени во групата А со екипите на Еуроспорт, Академија Нацев и Џокер Фурка. Во другата група се наоѓаат екипите на Пелистер, Башкими, Вук Параќин и Постолов Пандев.

Сите натпревари во групата, потоа полуфиналето и финалето ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.

Распоред на натпревари за сабота (04.09)

КУЛ – Еуроспорт Куманово  11:00

КУЛ – Академија Нацев  13:30

КУЛ – Џокер Фурка   15:10

Екипите кои ќе се пласираат на првите две места во групите ќе играат во полуфиналето, кое е закажано од 16:00 и 16:25 часот. Големото финале на турнирот ќе започне од 17:30 часот, додека натпреварот за третото место ќе се одигра од 17:00.

На истиов турнир ќе се натпреварува и нашата генерација составена од играчи родени 2012 година. Сите натпревари во оваа возрасна категорија ќе бидат одиграни во недела.

Момците на Мики Тодоровски во групата Б ќе се сретнат со екипите на „Еден на Еден“, Вук Параќин и Куманово. Учесници на турнирот се и домаќинот, Еуроспорт Куманово, потоа Беласица, Пелистер и Нова Колонија.

Распоред на натпревари за недела (05.09)

КУЛ – Еден на Еден  11:30

КУЛ – Вук Параќин  12:00

КУЛ – Куманово   13:30

Екипите кои ќе се пласираат на првите две места во групите ќе играат во полуфиналето, кое е закажано од 14:00 часот. Големото финале на турнирот ќе започне од 15:00 часот, додека натпреварот за третото место ќе се одигра од 14:30.