(ФОТО) Генерацијата 2012 настапи на турнир во организација на ФК Куманово Еуроспорт

Генерациите 2012 и 2013 на турнир во Куманово
09/03/2021
(Фотогалерија) Кул и „Еден на Еден“ одиграа без голови на турнирот во Куманово
09/06/2021

(ФОТО) Генерацијата 2012 настапи на турнир во организација на ФК Куманово Еуроспорт

Со генерацијата 2012 денес земавме учество на младински турнир, кој го организираше тимот на ФК Куманово Еуроспорт. Нашите млади надежи не успеаа да се пласираат во полуфиналето, односно натпреварите ги завршија во групната фаза.

Со скор од една победа, еден нерешен резултат и еден пораз, завршивме на третото место во својата група, кое беше недоволно да се пласираме во четирите најдобри екипи на турнирот. Може да се каже и дека немавме среќа, посебно на вториот натпревар кога привме гол во последните две минути од натпреварот, кој се покажа како пресуден на крајот од групната фаза.

Момците на Мики Тодоровски во првото коло се сретнаа со екипата на „Еден на Еден“ од Могила. Натпреварот заврши со почетниот резултат 0:0. Еден натпревар се играше по 20 минути. Веднаш ни следуваше натпревар против екипата на Вук Параќин од Србија. Тука во еден цврст дуел со борбена игра од двете страни, немавме среќа кога во последните минути од натпреварот примивме гол, односно противникот славеше со резултат 0:1.

Во рамките на последното коло од групната фаза за противник го имавме тимот на Куманово. Тука издоминиравме во сите сегменти на фудбалската игра, а тренерот им даде шанса за настап на сите играчи. Натпреварот заврши со наша висока победа изразена со резултат 6:0. На тој начин со гол разлика од 6 постигнати и само 1 примен гол не успеавме да обезбедиме полуфинале.

Во големото финале на турнирот играа токму екипите кои беа дел од нашата група, тоа се Вук Параќин кој после подобро изведување на пенали го победи тимот на Еуроспорт Куманово, додека во второто полуфинале тимот на Еден на Еден беше подобар од Нова Колонија.

Ваквите турнири се само едно позитивно искуство за нашите екипи, преку ваквите натпревари може да се согледаат слабостите и да се работи на истите. Честитки до сите дечиња кои денес ги бранеа боите на Кул.