Силна контролка за младинците на Кул против екипата на Брегалница

Пораз за кадетите на пријателски натпревар од екипата на Брегалница
09/12/2021
(Фотогалерија) Кадетите на Кул и Брегалница одиграа пријателски натпревар
09/14/2021

Силна контролка за младинците на Кул против екипата на Брегалница

Денес на Цементарница контролен натпревар против екипата на Брегалница одиграа и нашите младинци. Избраниците на Един Нурединоски дадоа силен отпор во првото полувреме, кога гостинската екипа имаше минимална предност од 0:1, додека на крајот победија со резултат 0:4.

Брегалница ги искористи своите шанси, додека нашиот состав речиси и да немаше посериозна шанса за загрозување на голот. Противникот се покажа физички и тактички поподготвен и на крајот заслужено триумфираа. Ваквите тест натпревари со силни екипи се само позитивно искуство за нашите момци како и добра подоготвка. Шанса за настап од тренерот Нурединоски добија сите играчи кои денес беа на располагање.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Лука Алексоски, Стефан Здравески, Филип Кузмановски, Филип Јаневски, Томи Станковски, Никола Николов и Гоце Коцевски.