Генерациите 2007 на Кул и Талент Битола одиграа пријателски натпревар

КУЛ генерација 2006 триумфално на гостувањето во Куманово
09/18/2021
Пионерите на КУЛ со три гола во мрежата на ФК Куманово до победа
09/18/2021

Генерациите 2007 на Кул и Талент Битола одиграа пријателски натпревар

Денес на Цементарница контролен натпревар против екипата на Талент Битола одигра нашата генерација составена од играчи родени 2007 година. Противникот од Битола славеше со резултат 0:2 (0:1).

Видовме борбена игра од двете страни, на крајот како победник излезе тимот на Талент Битола. Пред да биде отворен резултатот, по една голема шанса имаа и двете екипи. Најпрво противникот се закани после центар шут од корнер, но одлично одбрани нашиот голман, Андреј Јованов. Избраниците на Горан Тодоровски вратија со голема прилика за отварање на резултатот, но немавме среќа да ја затресеме мрежата на Талент. После изведен корнер и нафрлена топка во противничкиот шеснасетник, највисок во скокот беше Лео Мутовиќ кој со глава ја погоди топката, но истата заврши во стативата од гостинскиот гол, па немаше промена на резултатот. После една голема голманска грешка, противникот успева да поведе со 0:1, резултат кој се покажа како актуелен на полувреме.

Во второто полувреме не видовме многу шанси за погодок, се играше претежно на средината од теренот, а одбраните на двете екипи не дозволуваа опасни акции по нивните голови. Кај нас се закани Марко Попов, чиј удар го одбрани голманот, додека екипата на Талент Битола постигна уште еден гол нашата мрежа за конечни 0:2 на овој пријателски натпревар.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андреј Јованов, Фисник Љамалари, Газменд Љамалари, Лука Тасевски, Михаил Алексов, Матео Кесиќ, Душан Јовановски, Спасе Здравевски, Марко Попов, Лео Мутовиќ и Гаврил Петановски.