Пионерите на КУЛ со три гола во мрежата на ФК Куманово до победа

Генерациите 2007 на Кул и Талент Битола одиграа пријателски натпревар
09/18/2021
(Фотогалерија) Девојките на КУЛ и Речица одиграа контролен натпревар
09/19/2021

Пионерите на КУЛ со три гола во мрежата на ФК Куманово до победа

Пионерите на ФК КУЛ како и помладите, денес гостуваа кај тимот на ФК Куманово. Исто така и нашите момци од генерација 2005 дојдоа до победа над домаќинот на контролката која се играше во истоимениот град, победивме со резултат 2-3 (0-1).


Карчев Никола започна со овој состав: Јосифов, Алаџајков, Стефановиќ Владимир, Станковски, Љубомировски, Васиќ, Цветановски, Цамиќ, Наков, Петрушевски и Стефановиќ Виктор.

Играа уште и Блажевски и Зекири.


Натпреварот започна на тешки временски услови со многу дожд, па двата тима имаа тешка задача за игра. Ние имавме повеќе од играта, доминиравме во поле на овој натпревар. Сепак прв се закани домаќинот, но на нашиот гол Јосифов Јордан беше на место. Имавме две прилики за нас по оваа одбрана на нашиот голман, во првата по изведена корна највисок беше Цамиќ Белвин, со глава биеше неодбранливо под гредата за 0-1. Во втората добро изработена акција погоди Даниел Васиќ, но поради недозволена ситуација беше поништен овој гол. Покрај тешкиот терен ние во првиот период од 45.минути успеавме да доминираме на теренот, и да имаме повеќе од играта.


Вториот дел започна како и првиот со одлична одбрана на Јосифов Јордан, кој денес одбрани 3-4 тешки топки. Ние се заканивме преку Цветановски чиј удар заврши крај голот. Следеше период на погодоци, најпрвин домаќинот изедначи на 1-1. Веднаш по само 30.секунди, ние во првиот напад по изведувањето од центарот ја вративме предноста од еден гол. За наше водство од 1-2 погоди Наков Борјан. Сепак по 2.минути домаќинот од пенал биеше силно под гредата за резултатска симетрија 2-2.

По ова изедначување тргнавме да ја вратиме предноста, најпрвин се обиде Наков, а потоа и Петрушевски. Точно на средината на вториот дел во 23.минута од овој период Петрушевски Стефан погоди за водство од 2-3, резултат кој подоцна се покажа како конечен на оваа пријателска средба.