КУЛ генерација 2006 триумфално на гостувањето во Куманово

(Фотогалерија) Младинците беа домаќини на Брегалница
09/15/2021
Генерациите 2007 на Кул и Талент Битола одиграа пријателски натпревар
09/18/2021

КУЛ генерација 2006 триумфално на гостувањето во Куманово

Денес, помладите пионери на КУЛ гостуваа кај тимот на ФК Куманово во истоимениот град на контролен натпревар. Момците на Карчев Никола дојдоа до победа со резултат 1-2 (0-2).

Карчев дуелот го започна со овие 11 момци: Рајевски, Стојановски, Спасевски, Михов, Камчев, Абдурамани, Бошњаков, Беровиќ Трифуновски, Крстевски и Трпевски


Ние имавме повеќе од играта во поле во првите 15.минути од дуелот, поседот на топката беше во поголем процент кај нас. Прва прилика имавме од слободен удар, одличен шут упати Матеј Стојановски. Конечно нашата инцијатива беше наградена со гол, стрелаше Бошњаков силно по земја за почетни 0-1. По голот имавме и понатака повеќе од играта на дождливото време во Куманово. Атакувавме на удвојување на предноста во овој прв период, истото ни успеа преку Омар Беровиќ. Нашиот играч беше највешт во противничкиот казнен простор и погоди за 0-2, резултат кој се покажа како конечен за првиот период. Исто така и Абдурамани имаше прилика во првиот период за екипата на КУЛ.


Во вториот дел од клупата Никола Карчев уфрли три играчи, станува збор за: Михајловски, Василев и Јовановски. Во првите минути домаќинот се обиде да направи благ притисок на нашата половина. Ние имавме повеќе од играта, често изведувавме корни бидејќи противникот исфрлаше во гол-аут со цел да ги прекине нашите постојани акции. Дождот се засили па условите за игра станаа потешки и комбинаториката беше отежната.

Омар Беровиќ се обиде со удар 13-14 метра, топката мина неколку сентиметри крај голот на кумановичани. Потоа од слободен удар Абдурамани се обиде да погоди по трет пат за нас денес. Домаќинот успеа да казни и од слободен удар намали на 1-2 на 10сетина минути до крајот. Последната шанса за нас ја имаше Бошњаков кој погоди крај десниот директ.