Един Нурединоски направи интернационален трансфер во Либија

(ФОТО) Помладите пионери со победа кај Куманово
09/19/2021
(Фотогалерија) Генерацијата 2007 се надигруваше со екипата на Талент Битола
09/20/2021

Един Нурединоски направи интернационален трансфер во Либија

Фудбалскиот клуб Кул стана познат по носење на реномирани тренери, но и познат по преселба на тренери од нашиот клуб на меѓународна сцена. Откако претходно нашиот кондиционен тренер, Никола Родиќ ја продолжи својата работа во Рига, клуб од Летонија следен кој направи интернационален трансфер од Кул е познатиот Един Нурединоски, познат на македонската спортска јавност, како поранешен репрезентативен голман на Македонија, кој беше дел токму во Кул, односно првото тренерско искуство му беше во нашиот клуб.

Един Нурединоски стави потпис на 1+1 година со клуб од Либија, каде ќе работи како тренер на голманите. Се работи за екипата на Ал Ахли Бенгази. Во овој клуб, Нурединоски ќе има можност да соработува со Родион Гачанин кој е прв тренер на екипата, се работи за реномирано тренерско и докажано име веќе 20 години во Азија и Африка. Главната цел на клубот сезонава ќе биде освојување на домашната титула како и трофејот од африканската Лига на Шампиони.

Нашиот клуб му се заблагодарува на Един за поминатото време во Кул, чест ни беше да соработуваме со ваков професионалец кој своето искуство им го пренесуваше на нашите млади надежи. Клубот му посакува многу среќа, успеси и трофеи со екипата од Либија.