Драган Стефановски-Гаге е нов тренер на кадетите и младинците

(Фотогалерија) Генерацијата 2007 се надигруваше со екипата на Талент Битола
09/20/2021
(Фотогалерија) Генерацијата 2010 подобра од екипата на Талент Битола
09/23/2021

Драган Стефановски-Гаге е нов тренер на кадетите и младинците

Нашиот клуб ве известува дека во иднина тренер на кадетите и младинците ќе биде Драган Стефановски-Гаге. После заминувањето на Един Нурединоски кој направи интернационален трансфер во Либија, за тренер на генерациите 2003 и 2004 е поставен Стефановски.

Се работи за реномиран тренер кој има големо искуство во својата работа. Негов матичен клуб е Металург каде ги започнал своите почетоци како играч. Во првата македонска фудбалска лига бил дел и од сениорските екипи на Скопје, Цементарница, Љуботен, Работнички и Македонија Ѓ.П.

Како тренер во сениорски екипи бил дел од Цементарница и како помошник во екипата на Работнички. Со млади категории има работено во Металург, Цементарница, Македонија Ѓ.П и Вардар, кој беше негов последен клуб пред доаѓањето во Кул.

Сигурни сме дека „Гаге“ ќе ја продолжи успешната работа на неговите претходници, а ние како клуб му посакуваме добредојде, многу среќа и заеднички успеси.