Пионерските екипи одиграа пријателски натпревари со А.Пандев и Њу Старс

(Фотогалерија) Генерацијата 2010 подобра од екипата на Талент Битола
09/23/2021
Кул и Македонија Ѓ.П одиграа пријателски натпревар
09/26/2021

Пионерските екипи одиграа пријателски натпревари со А.Пандев и Њу Старс

Во текот на денешниот ден контролни натпревари одиграа пионерските екипи. Пионерите одиграа натпревар против екипата на Академија Пандев, на градскиот стадион во Велес, додека помладите пионери гостуваа кај екипата на Њу Старс.

Натпреварот на пионерските екипи на Кул и Академија Пандев, заврши со нерешен резултат 1:1. Во првото полувреме се играше претежно на средината на теренот, беше постигнат само еден гол и тоа во нашата мрежа. Избраниците на Карчев имаа прилики преку Цамиќ и Петрушевски, но истите останаа без реализиција. Се закани и противникот, но нашиот гол сигурен беше Јосифов. Сепак на крајот од првиот дел, Академија Пандев после една акција успева да постигне гол и да го отвори резултатот на 1:0.

Второто полувреме го започнавме фуриозно кон голот на струмичани. Имавме неколку шанси и посед на топка. После една добра акција, Васиќ одлично асистираше до Белмин Цамиќ кој погоди за израмнување на 1:1. После израмнувачкиот погодок и двете екипи имаа шанси за гол, но немаше промена на резултатот.

КУЛ: Јордан Јосифов, Стефан Петрушевски, Петар Станковски, Владимир Стефановиќ, Стефан Филиповски, Даниел Васиќ, Бојан Нацев, Матеј Цветановски, Виктор Стефановиќ, Борјан Наков, Белмин Цамиќ. 

Помладите пионери на ФК КУЛ предводени од Никола Карчев одиграа идентично на своето гостување како и постарите колеги. Тие денес беа во скопската населба Ѓорче Петров кај екипата на Њу Старс. Исто така и овој контролен натпревар заврши со резултатска симетрија, односно со резултат 1-1.

Двата тима имаа прилики за повеќе погодоци, се одигра еден динамичен дуел на кој двата колектива имаа свои шанси за да обезбедат победа, сепак резултот по 90.минути игра беше нерешен. За нас единствениот погодок на оваа средба го постигна Омар Беровиќ кој стрелаше одлично во мрежата на домашниот тим на оваа „контролка“.

За нас започнаа: Христијан  Рајевски, Јован Михов, Александар Спасевски, Гаврил Петаноски, Илхан Имери,  Петар Трпевски, Јован Бошњаков, Фисник Љамалари, Олег Трифуновски, Нури Абдурамани и Омар Беровиќ.