Кул и Македонија Ѓ.П одиграа пријателски натпревар

Пионерските екипи одиграа пријателски натпревари со А.Пандев и Њу Старс
09/25/2021
СРЕЌЕН 14-ТИ РОДЕНДЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ КУЛ
09/28/2021

Кул и Македонија Ѓ.П одиграа пријателски натпревар

Прв натпревар на клупата на Кул имаше новиот тренер на кадетите и младинците, Драган Стефановски-Гаге. Нашиот клуб одигран контролен натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П, со мешан состав од играчи кои се родени 2003 и 2004 година. Победата му припадна на противникот кој славеше со резултат 2:1.

Видовме добра игра на нашиот тим кој беше подобар противникот во првиот дел од натпреварот, период во кој немаше промена на резултатот. Имавме неколку шанси кои не успеавме да ги претвориме во погодок. Екипата на Македонија Ѓ.П не казни во второто полувреме со два погодоци за водство од 2:0, додека за намалување на резултатот се погрижи Иво Насевски кој ги постави конечните 2:1 на пријателскиот натпревар кој се одигра на теренот во Ѓорче. Нашиот тренер им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Лука Алексоски, Дамјан Ивановски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Филип Кузмановски, Стефан Здравески, Филип Јаневски, Бојан Јанкулоски, Томи Станковски и Никола Николов.