СРЕЌЕН 14-ТИ РОДЕНДЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ КУЛ

Кул и Македонија Ѓ.П одиграа пријателски натпревар
09/26/2021
(ФОТО) ФК КУЛ-Напредок генерација 2009
09/28/2021

СРЕЌЕН 14-ТИ РОДЕНДЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ КУЛ

Помина уште една година, а нашиот клуб денес го прославува својот 14-ти роденден. Турбулентна година за младинскиот фудбал во Македонија, поради се уште актуелната ситуација со корона вирусот нема натпревари во детската лига, додека се уште е неизвесно дали ќе започне и сезоната во младинската Супер Лига.

Без разлика на ситуацијата, тренираме напорно и посветено, секој викенд играме натпревари, како во Скопје, така и надвор од градот со различни екипи. Го одржуваме натпреварувачкиот ритам и се трудиме да бидеме се подобри и поуспешни. Оваа година сигурно дека ќе ја паметиме по пласманот на нашиот клуб во најсилната младинска Супер Лига. Иако започнавме со натпреварување од најнискиот ранг, сепак за две години успеавме да избориме место во најквалитетното натпреварување.

Продолжуваме со тренинзи на четири различни локации, овозможувајќи им ги на нашите членови едни од најдобрите услови за тренинг и работа во Македонија. Прославувајќи го денешниот роденден можеме да си посакаме да бидеме живи, здрави, среќни, весели и успешни.

СРЕЌЕН 14-ТИ РОДЕНДЕН ФУДБАЛСКИ КЛУБ КУЛ !!