Пионерските екипи беа гости на Њу Старс и Драчево

(ФОТО) ФК КУЛ-Напредок генерација 2009
09/28/2021
Кадетите и младинците „тестираа“ со екипата на Македонија Ѓ.П
10/03/2021

Пионерските екипи беа гости на Њу Старс и Драчево

Во текот на денешниот ден контролни натпревари одиграа нашите пионерски екипи.

Пионерите гостуваа во Ѓорче кај екипата на Њу Старс, натпревар кој му припадна на домашниот тим кој славеше победа со резултат 4:1. Може да се каже дека во првото полувреме бевме рамноправен противник, создадовме и неколку шанси кои за жал останаа неискористени. Противникот исто така имаше свои обиди, но одбрани Јосифов на нашиот гол. Гледавме цврста игра на двете страни, сепак Њу Старс беше тимот кој на крајот од првото полувреме успеа да поведе со 1:0.

На стартот од вториот дел беа направени неколку измени од тренерот Карчев. Во овој дел од натпреварот имавме голем пад во играта и му дозволивме на противникот да поведе и со 3:0. Ние успеавме да го намалиме резултатот на 3:1 со погодокот на Даниел Васиќ кој погоди од белата точка. Домашниот тим до крајот на натпреварот успеа да искористи уште една шанса, постигна гол за конечни 4:1 на овој пријателски натпревар.

КУЛ: Јордан Јосифов, Стефан Петрушевски, Петар Станковски, Стефан Филиповски, Даниел Васиќ, Бојан Нацев, Матеј Цветановски, Виктор Стефановиќ, Белмин Цамиќ, Томче, Борјан Наков.

Пораз доживеавме и со помладите пионери кои гостуваа кај екипата на Драчево. Нашиот состав беше поразен со резултат 3:1. Стрелец на единствениот гол беше Фисник Љамалари.

КУЛ: Александар Василев, Александар Спасевски, Гаврил Петановски, Петар Лазовски, Јован Михов, Петар Трпевски, Матеј Стојановски, Јован Бошњаков, Нури Абдурамани, Фисник Љамалари и Омар Беровиќ.