Кадетите и младинците „тестираа“ со екипата на Македонија Ѓ.П

Пионерските екипи беа гости на Њу Старс и Драчево
10/02/2021
(ФОТО) КУЛ генерација 2009 го совлада ФК Вардар
10/05/2021

Кадетите и младинците „тестираа“ со екипата на Македонија Ѓ.П

Денес, нашите кадети и младинци гостуваа во Ѓорче каде одиграа пријателски натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П. И двата натпревари завршија со идентичен резултат во корист на противникот.

Кадетите на Кул одиграа добар натпревар, но сепак беа поразени од екипата на Македонија Ѓ.П. Конечнот резултат на натпреварот гласеше 4:2.

Избраниците на Стефановски-Гаге го имаа првиот обид кон голот на противникот, шутираше Јанкулоски, но немаше опасност за погодок. Домашниот тим успеа да постигне два брзи голови и да поведе со 2:0. Ние после негативата имавме обиди преку Стајковиќ кој биеше крај голот. Со резултат од 2:0 заврши првото полувреме.

Во стартниот период од второто полувреме создадовме неколку конкретни акции, кои останаа нереализирани, додека противникот повторно не казни со два гола, кои беа постигнати после акции од десната страна. После една добра акција на нашиот состав, Шевал Мифтари беше играчот кој успеа да ја вметне топката во противничкиот гол за намалување на 4:1. До крајот на натпреварот успеавме да постигнеме уште еден гол. На погодокот претходеше акција од Петровски кој додаде до Стајковиќ, овој даде одличен пас за Рамадан Кадриовски кој се запиша во листата на стрелци, погодувајќи за 4:2, резултат со кој и заврши овој пријателски натпревар.

КУЛ: Јордан Јосифов,Никола Крстевски, Марко Мицевски, Јордан Петровски, Антонијо Стојановски, Алан Кеховиќ, Јован Митревски, Филип Стајковски C, Бојан Јанкулоски, Горјан Манасиевски  и Љубомир Стојановски.

Со идентичен резултат 4:2 загубија и нашите младинци. Првото полувреме заврши со предност 3:0 за екипата на Македонија Ѓ.П. Имавме и ние свои шанси во овој дел од натпреварот, но изостануваше конечната реализација.

Во вториот дел успеавме да го намалиме резултатот на 3:1 со голот на Бодан Тодоровски кој доби одлична топка во простор, излезе осамен со голманот кој успеа да го матира. Следеше погодок за противникот кој зголеми на 4:1, додека конечните 4:2 беа дело на Ангел Петрушевски кој погоди во долниот десен агол после кратки разменети пасови пред шеснаесетникот.

КУЛ: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Бојан Ристески, Љупче, Дамјан Ивановски, Стефан Здравески, Филип Кузмановски, Филип Јаневски, Никола Николов, Томи Станковски и Гоце Коцевски.