Бојан Ристески: Најдраг момент е кога претседателот на клубот ни соопшти дека сме во Супер Лигата

Генерациите 2009 и 2011 одиграа пријателски натпревари со екипата на Фер Плеј
10/11/2021
Победа за генерација 2007 на натпревар со екипата на Фортуна
10/16/2021

Бојан Ристески: Најдраг момент е кога претседателот на клубот ни соопшти дека сме во Супер Лигата

Бојан Ристески е дел од нашиот клуб веќе три години и со успех ги брани боите на Кул. Стардарден играч во генерацијата 2003 кој има дефанзивни задачи и e незаменлив дел од тимот. Заедно со екипата и соиграчите успеаа да го донесат клубот каде му е местото, тоа е најсилната Супер Лига. Во следново интервју ве запознаваме со овој надежен играч.

1. Од каде произлезе желбата за фудбалот, како се случи да започнете да се занимавате со овој спорт ?

-Желбата за фудбал кај мене произлезе уште во најраната возраст, секогаш сакав да се натпреварувам и да докажам дека сум подобар од противникот, тоа ме исполнуваше.

2. На колку години беа вашите почетоци и во кој клуб ?

-Со фудбал активно почнав да се занимавам на 8 години, моите почетоци беа во фудбалската школа Фамос.

3. Како се случи да преминете во Кул, кој беше првиот тренер со кој имавте можност да работите во клубот ?

-Во Кул видов клуб кој нуди одлични услови за работа, така што како млад играч имам голем простор за напредок. Кога дојдов во клубот прв тренер ми беше Милан Коцески, одличен професионалец кој имаше големо влијание на мене, пред се како човек, потоа и како фудбалер.

4. Кои се трите најважни работи за еден играч да биде успешен ?

-Според мене три најважни карактеристики на еден фудбалер се: да биде паметен, дисциплиниран и одлучен.

5. Бојан за само две години успеавте да го донесете клубот во најсилната Супер Лига. Дали верувавте дека еден ќе се изборите да бидете дел од лига во која играат најдобрите екипи од Македонија ?

-Уште пред две сезони знаевме дека припаѓаме во најсилната лига, амбициозни сме и едвај чекаме да почне првенството.

6. Изминатиов период имавте можност да работите со тренер коj е познат на македонската спортска јавност. Повеќе од една година работевте со Един Нурединоски. Колку вие како играч и вашиот тим напредуваше под негово водство ?

-Тренерот Един има големо играчко искуство кое ни го пренесе, имавме одлична соработка на теренот и напредувавме во секој сегмент како екипа.

7. Колку сте задоволен од условите за работа кои ви ги пружа Кул ?

-Клубот ни нуди одлични услови за работа и не третираат максимално коректно. Клубот го водат амбициозни луѓе на кои им веруваме.

 

8. Издвоите еден најдраг момент во периодов додека сте дел од нашиот клуб ?

-Како најдраг момент можам да го изберам моментот кога претседателот на клубот ни соопшти дека сме во Супер Лигата, бидејќи две години тежнеевме кон тоа.

9. Кој е вашиот фудбалски идол ?

-Серхио Рамос.

10. Од неодамна имате нов тренер, се работи за Драган Стефановски-Гаге, исто така врвен тренер кој има големо тренерско искуство. Како течат тренинзите со овој стратег и дали се привикнувате на новиот систем на работа ?

-Тренерот Гаге има огромно тренерско искуство, сака да се натпреварува и има победнички менталитет. На секој тренинг се повеќе се наметнуваме на неговиот стил на работа.

11. Сите се надеваме дека ќе започне новата сезона, во која ќе се натпреварувате во најквалитетната Супер Лига. Кои се вашите очекувања и достигнувања како дел од ова натпреварување ?

-Во оваа сезона верувам дека ке влеземе уште помотивирани, вредно работевме и се подготвувавме, ќе бидеме екипа против која ќе се плашат да играат. Ќе докажеме дека заслужуваме да сме во оваа лига.

12. Наброј три работи кои ја краси вашата екипа  ?

-Нашата екипа ја красат дисциплината, тимскиот дух и амбициозноста.

13. Какви се вашите планови за во иднина на фудбалски план ?
-Во фудбалот никогаш неможете да правите планови, работите се менуваат од ден во ден, од натпревар во натпревар. Најважно ми е да одам напред и да го подобрувам мојот перформанс.