Вардар ќе биде противникот на КУЛ во 2.првенствено коло

(Фотогалерија) Бод за младинците на натпреварот со Работнички
10/26/2021
КУЛ го надигра Вардар, кадетите ја запишаа дебитантската победа за нашиот клуб во најсилната Супер Лига
10/30/2021

Вардар ќе биде противникот на КУЛ во 2.првенствено коло

За претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 2.коло во младинската Супер Лига. Нашиот клуб ќе игра повторно со атрактивен противник, се работи за екипата на Вардар. Сите четири натпревари се закажани за сабота (30.10.2021).

Во сабота на Цементарница, кадетите и младинците се домаќин на Вардар, додека истиов ден пионерските екипи ќе гостуваат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром. Натпреварите ќе бидат одиграни во термините од 10:00 и 12:00 часот.

На стартот од сезоната освоивме еден бод на натпреварите со екипата на Работнички, додека Вардар имаше 7 бодови од дуелите со Брегалница.