КУЛ го надигра Вардар, кадетите ја запишаа дебитантската победа за нашиот клуб во најсилната Супер Лига

Вардар ќе биде противникот на КУЛ во 2.првенствено коло
10/28/2021
Пионерите без бодови од гостувањето кај ФК Вардар
10/30/2021

КУЛ го надигра Вардар, кадетите ја запишаа дебитантската победа за нашиот клуб во најсилната Супер Лига

Денес на Цементарница, второто коло во младинските лиги го одиграа нашите кадети кои ја пречекаа екипата на Вардар. Нашиот состав славеше голема победа со резултат 2:0.

Тренерот Стефановски започна со следниве 11-сетмина: Никола Димитриевски, Никола Крстевски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Јордан Петровски, Јован Митревски, Алан Кеховиќ, Филип Стајковиќ (К), Максим Илиевски, Бојан Јанкулоски, Горјан Манасиевски. 

Првото полувреме заврши со почетниот резултат 0:0. Гледавме игра на средината на теренот, период од натпреварот на кој и двете екипи имаа свои закани по голот. Ние се обидовме преку Јанкулоски после асистенција од Стајковиќ, но Бојан шутираше високо над голот, додека во шанса од левата страна се најде и капитенот Стајковиќ, но одбрани противничкиот голман. Вардар исто така имаше свои шанси да го отвори резултатот, најопасната беше после нафрлена топка од корнер, во нашиот шеснаесетник највисок беше Перковски, но одбрани нашиот голман, додека во последната минута од натпреварот исто така имаше закана кон нашиот гол, но Ибраим беше со глава само крај нашиот гол. На краток одмор се замина со резултат 0:0.

Нашиот тим се издигна во второто полувреме и успеа да стигне до голема победа против Вардар. Пред да го отвориме резултатот, имавме шанси преку Стајковиќ Филип, во првата нашиот капитен биеше од некаде 25.метри но со крајни напори одбрани голманот на Вардар и исфрли во корнер. Во вториот обид, Стајковиќ се обиде директно од корнер, но топката заврши во гредата од противничкиот гол. Во следната акција нашата екипа успеа да поведе и да го отвори резултатот на 1:0. Бојан Јанкулоски беше играчот кој се ослободи од неколку противнички играчи, биеше од непосредна близина за предност.

Одлично одигравме во овој дел од натпреварот, едноставно го надигравме противникот. После една одлична асистенција од Стајковиќ кој даде пас до Јанкулоски, нашиот напаѓач најпрво беше посилен во дуелот со противничкиот играч, го исфрли од игра, потоа се ослободи и од голманот па биеше во мрежата за предност од 2:0. Имавме шанса и да го зголемиме резултатот, денес одличниот Филип Стајковиќ имаше можност да се запише во листата на стрелци, но голманот на Вардар го брани ударот и спречува поголема негатива. Во последните десет минути не видовме некоја сериозна шанса на двете страни, па натпреварот заврши со резултат 2:0. Голема победа за нашиот Кул против Вардар. Честитки до момците и до тренерот Драган Стефановски кој денес одлично тактички ја постави екипата.

Прва победа сезонава за нашиот клуб во дебитантската сезона во Супер Лигата.