Пионерите без бодови од гостувањето кај ФК Вардар

КУЛ го надигра Вардар, кадетите ја запишаа дебитантската победа за нашиот клуб во најсилната Супер Лига
10/30/2021
Вардар минимално го победи Кул, на натпревар од младинската Супер Лига
10/30/2021

Пионерите без бодови од гостувањето кај ФК Вардар

Двете пионерски екипи на КУЛ гостуваа денес кај тимот на ФК Вардар,  натпревари на кои забележавме два пораза. Пионерите беа совладани со 2-0 на средбата со црвено-црните.

Карчев започна со овој состав: Јосифов Јордан, Стефановиќ Владимир, Станковски Петар, Богдановски Томислав, Нацев Бојан , Ахмедов Мохамед , Наков Борјан, Васиќ Даниел, Цамиќ Белмин, Амети Лулзим и Цветановски Матеј.


Најпрвин ние имавме почетна инцијатива без конкретна прилика за погодок. Домаќинот се закани кон голот на Јосифов Јордан, кој беше на висината на задачата на овој дуел. Вардар имаше дел од дуелот во кој имаше повеќе од играта во поле и успеа да поведе со 1-0. По водството на домаќинот, нашите момци ја презвемаа инцијативата. Крај голот силен удар упати Богдановски Томислав, потоа топката ја зема Наков Борјан, одлично ги мина сите чувари упати удар, за жал не успеа да донесе резултаска симетрија. Во последните 10-15.минути од првиот дел имавме инцијатива, сепак на одмор заминавме со гол негатива на овој пионерски дуел.


Вториот дел започна како што заврши првиот, ние имавме повеќе од играа во поле, одлично се бранеа момците на Никола Карчев. Најпрвин од слободен удар се закани нашиот капитен, Цветановски Матеј упати удар од 30.метра крај голот на црвено-црните. Потоа упати луциден удар Ахмедов Мохамед, неговиот шут го скроти голманот на Вардар. Имавме повеќе од играта, кај нас беше поседот создавме шанси на кои им фалеше само перфектна завршница.

По една корна екипата на Вардар успеа да ја удвои предноста и да поведе со резултат 2-0. Наков Борјан имаше голема шанса, мина еден играч од одбраната влезе во казнетиот простор и шутна силно во стативата, фалеа милиметри за погодок.

Помладите пионери одиграа дуел на кој губеа со 5-0, во финишот заиграа навистина на високо ниво и намалија на 5-2, резутат со кој заврши оваа средба.

Карчев започна со: Јованов Андреј, Михов Јован, Спасовски Александар , Трпевски Петар, Стојановски Матеј ,Беровиќ Омар,Љамалари Фисник, Петаноски Стојанов- Гаврил, Павлов Борис, Абдурамани Нури и Имеров Илхан


Започнавме солидно се играше повеќе на средината на теренот во воведните минути на оваа средба. Домаќинот успеа да отвори со гол за 1-0. Следеа неколку прилики за нив, на нашиот гол одлични одбрани во низа редеше нашиот голман, Јованов Андреј. Се заканивме преку Имеров Илхан чиј удар беше блокиран од одбраната на црвено-црниот домашен тим. Вардар успеа да поведе со 3-0 до 30.минута на оваа средба, во последните 15.минути воспоставиме теренска рамнотежа и париравме во поле, на одмор заминавме со тој резултат.


Вториот дел го започнавме со шанса на Љамалари Фисник, кој се закани кон голот на домашниот тим. Со нови два гола вардаровиот помлад пионерски тим успеа да поведе со 5-0. По овој гол имавме две прилики, најпрвин за нас се закани Беровиќ Омар чиј удар не донесе погодок. Веќе во следната шанса нововлезениот Бошнаков Јован успешно го најде патот до мрежата, ние намаливме на 5-1. И во вториот дел на нашиот гол одличен беше Јованов Андреј. Петар Трпевски имаше убава прилика од слободен удар, топката мина крај голот. Како да имавме закаснет старт, игравме подобро во финишот, погодивме и втор пат, Олег Трифуновски стрелаше за 5-2 на 10.минути до крајот на оваа средба.