Вардар минимално го победи Кул, на натпревар од младинската Супер Лига

Пионерите без бодови од гостувањето кај ФК Вардар
10/30/2021
Кадетките на ЖФК Кул со висока победа ја отворија сезоната во женската кадетска фудбалска лига
10/30/2021

Вардар минимално го победи Кул, на натпревар од младинската Супер Лига

Нашите младинци денес беа домаќини на Вардар, на натпревар од 2.коло во младинската Супер Лига. Нашиот клуб загуби минимално со 1:2 на овој натпревар.

Стартниот состав на нашиот тим: Андреј Ројчинов, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Филип Кузмановски, Филип Јаневски, Стефан Здравески (К), Томи Станковски, Леонид Стојчевски, Гоце Коцевски.

Во првото полувреме гостинската екипа беше поконкретна на теренот, создаде неколку шанси, но ние на голот го имавме одличниот Ројчинов кој одбрани неколку опасни топки на Вардар. Во овој дел од натпреварот немавме некоја сериозна шанса да го загрозиме голот на Вардар.

Во вториот дел од натпреварот видовме три гола, два во нашата мрежа и еден во мрежата на Вардар. Екипата на Вардар успеа да го отвори резултатот за 0:1, после центар шут од корнер, еден од нивните играчи ја зафати топката која заврши во нашата мрежа. После овој погодок, играчот на Вардар, Марко Стојилевски доби директен црвен картон, по што беше принуден да ја напушти играта. Во истата акција откако беше досуден фаул за нашиот тим, биеше капитенот Стефан Здравески од слободен удар, топката ја погоди пречката, немавме среќа за израмнување. Заигравме поофанзивно откако игравме со играч повеќе на теренот, но сепак Вардар после една акција постигнува гол за 0:2 со наш автогол.

Се играа последните пет минути од натпреварот кога после една мешаница во противничкиот шеснасесетник успеавме да постигнеме гол преку Љупче Стефановски за намалување на 1:2. Се обидувавме да стигнеме и до израмнување, но немаше промена на резултатот, па натпреварот заврши со конечни 1:2 на овој натпревар од 2.коло во младинската Супер Лига.

Сепак, честитки за нашите младинци за одиграниот натпревар и прикажаната борба на овој натпревар, на кои бевме рамноправен противник на Вардар.