Кадетките на ЖФК Кул со висока победа ја отворија сезоната во женската кадетска фудбалска лига

Вардар минимално го победи Кул, на натпревар од младинската Супер Лига
10/30/2021
Победа за генерација 2008 на пријателскиот натпревар со Шкупи
10/31/2021

Кадетките на ЖФК Кул со висока победа ја отворија сезоната во женската кадетска фудбалска лига

Денес стартуваше натпреварувачката сезона и во женскиот младински фудбал. Премиерен натпревар имаа нашите кадетки кои на домашен терен ја победија убедливо екипата на Билјанини Извори 2010 од Охрид. Натпреварот кој се одигра на Цементатарница заврши убедливо во наша корист со конечен резултат од 7:0.

Сигурна победа за нашите девојки на стартот од сезоната. Имавме доминација во текот на целиот натпревар и на крајот стигнавме до заслужена победа. По првото полувреме имавме водство од 2:0, со головите на капитенката во тимот, Меланија Грозданова. Иницијатива продолжи и во вториот дел од натпреварот, период во кој успеавме да постигнеме уште пет голови во мрежата на Билјани Извори. Во листата на стрелци се запиша Јована Наумовска која донесе водство од 3:0, додека резултатот на 4:0 го зголеми Сара Димитровска. Продолживме да креираме шанси, таквата игра ни донесе уште два нови погодоци, истите беа дело на Меланија Грозданова за предност од 6:0, додека конечните 7:0 со својот прв гол ги постави Канита Емини.

КУЛ: Теа Сапунџиев, Јована Петрушевска, Ане Велковска, Елена Крстеска, Јана Бајдевска, Канита Емини, Марија Јовановска, Сара Атанасовска, Меланија Грозданова (К), Анастасија Пачовска и Сара Димитровска. 

Честитки за победата за избраничките на Тања Крстовска, нашиот клуб вложува и во женскиот фудбал, се надеваме на многу талентирани и надежни репрезентативки од нашиот клуб.