Победа за генерација 2008 на пријателскиот натпревар со Шкупи

Кадетките на ЖФК Кул со висока победа ја отворија сезоната во женската кадетска фудбалска лига
10/30/2021
(Фотогалерија) Голема победа за нашите кадети против Вардар
11/01/2021

Победа за генерација 2008 на пријателскиот натпревар со Шкупи

Генерацијата 2008 предводена од Горан Тодоровски денес на Цементарница одигра пријателски натпревар со екипата на Шкупи. На натпревар на кој паднаа пет голови, нашиот состав славеше со резултат 3:2.

Тренерот Тодоровски шанса за настап на овој натпревар им даде на неколку играчи од генерација 2009 кои ја оправдаа довербата кај тренерот. Гледавме добар и цврст натпревар, со погодоци и шанси на двете страни. Кул беше екипата која успеа да го отвори резултатот со голот на Тале Костадиновски. Екипата на Шкупи успеа да врати, постигна погодок за израмнување на 1:1. До крајот на првото полувреме успеавме да ја вратиме предноста со голот на Теодор  Велковски, за резултат 2:1 со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме во игра влегоа и играчите кои започнаа како резерви. Преку Арти Азизи нашиот тим го зголеми водството на 3:1, додека во последните дет минути од натпреварот гостинската екипа успеа да постигне гол и да намали на 3:2. Со овој резултат заврши и натпреварот.