Кул против Њу Старс, во 3.првенствено младинско коло

(Фотогалерија) Генерација 2008 стигна до победа против Шкупи
11/04/2021
Генерацијата 2009 ќе учествува на турнир во Куманово
11/05/2021

Кул против Њу Старс, во 3.првенствено младинско коло

За претстојниов викенд е закажано 3.коло во младинската Супер Лига. Следен наш противник е екипата на Њу Старс.

Во сабота (06.11), кадетите и младинците ќе гостуваат во Ѓорче, на игралиштето на АМС. Натпреварите ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот. Во недела (07.11) ќе бидеме домаќини на истиов противник, со пионерските екипи. Помладите пионери ќе играат од 12:00 часот, додека пионерите својот дуел ќе го стартуваат од 14:00 часот на Цементарница.

После Работнички и Вардар, екипата на Њу Старс е уште еден во низата квалитетен противник со кој ќе играме во овој дел од сезоната.