Генерацијата 2009 ќе учествува на турнир во Куманово

Кул против Њу Старс, во 3.првенствено младинско коло
11/05/2021
Кадетите се вратија од негативата, но Њу Старс ги освои бодовите
11/06/2021

Генерацијата 2009 ќе учествува на турнир во Куманово

По повод денот на ослободување на градот Куманово, нашата генерација составена од играчи родени 2009 година ќе настапат на младински турнир, кој го организира фудбалскиот клуб на Куманово.

Избраниците на Марко Арсовски ќе се натпреваруваат заедно со домашниот тим на Куманово 2012, потоа Постолов Пандев и ССК Нова. Турнирот го отвараме со натпревар против екипата на ФК Постолов, кој ќе стартува од 10:00 часот. Од 10:35 часот ни следува натпревар против екипата на ССК Нова, за групната фаза да ја затвориме со натпревар против екипата на Куманово 2012, кој ќе стартува од 11:10 часот.

Натпреварите во групата ќе се играат едно полувреме од 25 минути, без тајм аут. Екипите кои ќе завршат на првите две места во групата ќе играат во големото финале, додека третопласираниот и четвртопласираниот ќе играат за бронза.