Кадетите се вратија од негативата, но Њу Старс ги освои бодовите

Генерацијата 2009 ќе учествува на турнир во Куманово
11/05/2021
Голем бод за нашите младинци,Њу Старс и Кул одиграа без голови
11/06/2021

Кадетите се вратија од негативата, но Њу Старс ги освои бодовите

Денес 3.коло во младинските фудбалски лиги го одиграа нашите кадети кои гостуваа кај екипата на Њу Старс. Домашниот тим на крајот ги освои бодовите откако славеше минимална победа со резултат 3:2.

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Јован Митревски, Алан Кеховиќ, Филип Стајковиќ (К), Антонијо Стојановски, Никола Крстевски, Горјан Манасиевски и Шевал Мифтари. 

Иако имавме негатива од три гола, сепак на крајот лесно можеше да се случи да освоиме бод од тешкото гостување кај екипата на Њу Старс, која важи за една од најквалитетните екипи во оваа генерација, екипа која сигирно ќе се бори за врвот на табелата. Домаќинот беше поконкретен во првиот дел, а резултатот успеа да го отвори уште во 4.минута од натпреварот кога нашата мрежа ја затресе Харис Арифи. Помина почетната трема кај нашиот тим, кој се обидуваше да го загрози голот на противникот, иако Њу Старс имаше теренска иницијатива сепак до крајот на првото полувреме не создаде друга поголема шанса да постигне гол. Ние можеме да жалиме што не успеавме да израмниме во овој дел од натпреварот, а таква голема шанса имаше Антонијо Стојановски кој доби прецизна топка од Стајковиќ, Антонијо биеше од неколку метри, но слабо и безопасно кон голот на домаќинот, сепак ова беше зицер позиција за погодок. Противникот имаше уште два удари кон нашиот гол, но Цветковски беше на место. Првите 45 минути завршија со минимална предност на Њу Старс од 1:0.

Во второто полувреме за краток интервал примивме два брзи и може да се каже лесни голови, со протурени топки пред нашиот шеснаесетник, невнимание на последната дефанзивна линија, што во два наврати не чинеше и погодоци, па со головите на Арбин Демири и Матео Софијаноски, Њу Старс стигна до високо водство од 3:0. Кога се мислеше дека се е готово на овој натпревар, на сцена стапи Кул кој не се откажа од намерата да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Капитенот Филип Стајковиќ беше играчот кој во 66 минута успеа да намали на 3:1, откако биеше од некаде 18.метри, топката удри во еден од противничките играчи, малку го смени правецот, доволно топката да заврши во домашната мрежа за намалување на резултатот.

Продолживме со константен притисок на противничката половина, таквата игра ни донесе и втор гол, откако борбениот Јован Митревски одзема една топка, сам се избори за позиција, шутираше прецизно во десниот голмански агол за резултат 3:2 во 71 минута. Играта на Њу Старс се распадна, а ние бевме во подем и продолживме да атакуваме за израмнување. Најголемата шанса за израмнување на резултатот ја имаше Горјан Манасиевски, кој не успева да претвори во погодок една мешаница после изведен корнер, нашиот играч шутираше, но голманот му влезе во ударот и успеа да го спаси својот тим. Њу Старс сепак ја зачува предноста до крајот, ние се обидовме и преку Стајковиќ но ударот оди високо над голот. На крајот конечни 3:2 во корист на домашната екипа.

Играа уште и Кристијан Цветановски, Јордан Петровски и Максим Илиевски.