Голем бод за нашите младинци,Њу Старс и Кул одиграа без голови

Кадетите се вратија од негативата, но Њу Старс ги освои бодовите
11/06/2021
(Фотогалерија) Кул и Њу Старс ги поделија бодовите на натпревар од младинската Супер лига
11/07/2021

Голем бод за нашите младинци,Њу Старс и Кул одиграа без голови

Младинците на Кул освоија голем бод, на гостувањето кај екипата на Њу Старс. Натпреварот кој се одигра на теренот со вештачка трева во Ѓорче, заврши со почетниот резултат 0:0.

Започнавме со следниве 11-сетмина: Андреј Ројчинов, Љупче Стефановски, Дамјан Ивановски, Стефан Здравески (К), Филип Јаневски, Гоце Коцевски, Томи Станковски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Никола Николов и Филип Кузмановски.

Одличен натпревар за нашите младинци кои беа рамноправен противник на Њу Старс. Иако и двете екипи се обидоа да освојат цел „плен“ сепак на крајот натпреварот заврши со поделба на бодовите. Филип Јаневски беше играчот кој успеа прв да упати директен удар кај нас, но топката отиде над голот, додека обид имаше и Филип Кузмановски, но топката беше лесна задача за домашниот голман.

Во првиот дел, екипата на Њу Старс имаше две добри шанси за отварање на резултатот. Најпрво од слободен удар од повеќе од 25.метри, Дамјан Ќосески ја погоди гредата од нашиот гол, додека Ројчинов успеа да му одбрани и зицер позиција на  Марко Тренески. Овие беа позначајни моменти во првиот дел од натпреварот.

Во второто полувреме гледавме израмнет фудбал на двете страни, со цврста и борбена игра. Избраниците на Стефановски немаа некоја голема шанса да постингнат гол, додека домаќинот имаше два обиди, но немаше промена на резултатот. На крајот конечни 0:0 и поделба на бодовите.

Во игра во вториот дел влегоа и Маријан Здравевски и Бодан Тодоровски.