Цветановски Матеј со хет-трик, пионерите со пет гола во мрежата на Македонија ЃП до три бода

Помладите пионери без бодови од гостувањето во Ѓорче Петров
11/13/2021
Кадетите со високи 4:0 ја совладаа Македонија ЃП
11/14/2021

Цветановски Матеј со хет-трик, пионерите со пет гола во мрежата на Македонија ЃП до три бода

Пионерите на ФК КУЛ денес гостуваа кај тимот на Македонија Ѓорче Петров во рамките на 4. првенствено коло. Нашиот тим доминираше во текот на целиот натпревар и ја контролираше играта, дојдовме до победа со високи 2-5 (0-3).


Карчев дуелот го започна со следниот тим:  Јосифов Јордан, Стефановиќ Владимир, Богдановски Томислав, Ахмедов Мохамед,  Петрушевски Стефан, Амети Лулзим,  Наков Борјан , Васиќ Даниел, Нацев Бојан,  Цветановски Матеј (К) и Филиповски Стефан.


Тргнавме офанзивно на оваа пионерска средба од Супер лигата, Цветановски Матеј во 10.минута успеа да лобува со удар од 30.метра со што ни донесе предност од 0-1. Потоа тргнавме да ја удвоиме предноста, Наков беше сам со голманот на домаќините кој успеа да одбрани. Посебно мотивиран беше денес капитенот Цветановски, тој одзема топка ги мина чуварите и стрелаше за 0-2.

Имавме инциијатива и повеќе од играта во првиот дел, Васиќ се закани за нас во продолжение. Вистинско гол-шоу имаше Матеј Цветановски со неговиот третти гол ни донесе предност од 0-3. Противникот само еднаш се закани во првиот дел, но нашиот голман Јосифов беше на место. Првиот период од 45.минути заврши со волеј-удар на Цветановски, голманот со крајни напори исфрли во корна.


Противникот на почетокот од второто полувреме се закани, тие имаа шанса која Јосифов успеа да ја скроти. Во следната прилика намалија на 1-3. Сепак ние не дозволивме да биде загрозена нашата предност, Наков Борјан доби една топка од Стефан Филиповски кој мајсторски го пронајде, популарниот „Бори“ мајсторски пласираше во горниот десен агол. Противникот беше “разоружан“, ние имавме повеќе од играта. Зекири Адис стрелаше за зголемана предност, тој доби една топка и ја испрати во мрежата на Македонија Ѓорче Петров за високи 1-5.

Во вториот дел на голманската позиција доби прилика Давид Димитриевски, резервниот голман исто како и Јосифов покажа одлична претстава на денешниот дуел, всушност сите момци на Карчев дадоа максимум. Ривалот во последната минута само успеа да намали на 2-5. Честитки за добрата иггра и освоените бодови за сите учесници од нашата екипа на овој натпревар.

Ова беше втора последователна победа за нашите пионери, кои имаат вкупно шест бодови после четири одиграни кола.